Трагична приказна на најубавото девојче на планетата! - Канал 5

Трагична приказна на најубавото девојче на планетата!

Оваа млада убавица е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и актерката и ТВ водителка Вероника Лубри.

Трагична приказна на најубавото девојче на планетата!

Туркањето на децата во светот на возрасните и нивно изложување во јавноста од најрана возраст може да изгледа привлечно и на семејството да му причинува голема радост, но сепак, ова може да има негативни влијанија и врз развојот на детето и врз неговата околина.

Токму тоа на своја кожа го почувствувала Тилан Блондо, француски фотомодел, која сега има 21 г., а зад себе има планетарна слава. Оваа млада убавица е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и актерката и ТВ водителка Вероника Лубри.

Девојчето со ангелски изглед официјално ја започна својата кариера во 2007 година, на возраст од само четири години, по иницијатива на својата мајка.

Едно од нејзините први големи појавувања во јавноста беше ревијата на Жан Пол Готје, додека на само шест години ги красеше насловните страници на познатите модни списанија.

И додека другите деца на нејзина возраст си играа со играчките и времето го поминуваа во парковите, малата Тилан брзала на кастинзи кај најпознатите светски брендови, со денови била на снимање, трпејќи разни третмани за одржување на кожата и косата, како и сценска шминка. Сето ова, за жал, предизвикувало периоди на депресија кај младата Тилан, која трпејќи го товарот на славата, заборавала на детската игра и дружењето со врсниците. Таа полека влегуваше на модната сцена, но и во светот на возрасните.

Меѓутоа, во еден момент големата слава и популарноста на ова девојче наидоа на страшни критики во јавноста. На само десет години, нејзините фотографии во светкав фустан и високи потпетици, и шминка која оддаваа впечаток како да е полнолетна, наидоа на жестоки негативни коментари.

Многумина поради ова ја нападнаа модната индустрија, обвинувајќи ги најпознатите светски брендови за експлоатација на малолетници, додека една организирана група мајки ги нападнаа родителите на девојчето. Набргу се појавија обвинувања дека тие двајца намерно го изложиле своето дете на ужасни работи, вклучувајќи и педофилија.

Дополнително запрепастување на јавноста предизвика коментарот на мајката на Тилан, која изјави дека фотографиите од нејзината ќерка од ревијата навистина биле шокирачки, но дека е горда што Тилан носела ѓердан во вредност од над милион долари. Поради ваквите испади семејството речиси секој ден завршуваше во медиумите, а поради тоа најмногу страдаше Тилан, пред сè, психички.

Проблемите и скандалите сега се далеку од убавата Тилан, која сè уште е во светот на модата и сама одлучува за својот живот и кариера. Таа има своја модна линија и досега има заработено повеќе од 4 милиони долари.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри и дека истите претставуваат дел од она што се нарекува дигитална инфраструктура и претставуваат иднина. Истовремено, Лефков посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од иднината, напротив ја планира и ја предвидува и ја води Македонија да биде една современа држава во секој облик“.

Пратеникот Лефков истакна дека дата центрите како дел од дигиталната инфраструктура се значајни од повеќе аспекти: од создавање на високо платени работни места, трансфер на знаење и технологии, како и изградба на една квалитетна дигитална инфраструктура, додека опозицијата пласира тези од пред неколку декади ширејќи хистерии во јавноста.

„За жал СДС предводен од Венко Филипче одбра уште еднаш да шири хистерии за оваа тема, обидувајќи се да скандализира и притоа користејќи тези коишто датираат од пред неколку декади, зборува за електрична енергија, за тоа дека ќе биде експлоатирана водата, напротив Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорно пристапува кон овие проекти и нема да бидат направени на штета на животната средина, на ниту еден начин“, рече Лефков.

Лефков ја потенцираше разликата којашто треба да се прави помеѓу дата центрите како приватни инвестиции и дата центрите како национална обврска, кои впрочем се дел од Реформската агенда, и обврска на Република Македонија е изградба на Национален дата центар, додека хистеријата и стравот околу овие дата центри конструирани од опозицијата има за цел спречување на, како што вели Лефков, растот и развојот на Македонија во оваа насока.

„Во Македонија веќе постојат, ако погледнете и ако пребарувате, ќе видите дека постојат 4 до 5 дата центри, самите дата центри се разликуваат, дали се за чување на податоци, дали се за некои други намени, меѓутоа станува збор за искривување на тезите и обид за ширење на хистерија“, кажа Лефков и додаде:

„Ако станува збор за национални дата центри, тој Национален дата центар којшто треба и е дел од Реформската Агенда има само една цел, а тоа е да го олесни пристапот на граѓаните кон услугите на државата.“

Пратеникот Лефков потсети дека за време на владеењето на СДС, јавноста сведочеше на хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, при што граѓаните не можеа да ги остварат нивните уставни и законски загарантирани права, додека пак изградбата на квалитетни дата центри има за цел да биде и поддршка при давањето на услугите што ги нуди државата.

„Во нивно време кога имаше хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, граѓаните не можеа да ги остварат основните права, дали за субвенции кај Министерството за земјоделие, дали станува збор за одредени права од ФЗО. Со изградба на квалитетни дата центри коишто ќе бидат поддршка на овие услуги кои ги нуди државата, користа и бенефитот ќе ги видат граѓаните, а тоа е целта и на Европската агенда, на тој начин се усогласуваме со законодавството и со стандардот на ЕУ, со нудење на квалитетни услуги, транспарентни услуги, со подобро менаџирање на јавните финансии итн.“, заврши Лефков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по должината на непалско-кинеската граница се искачи на најмалку 919, а речиси 4.800 лица се уште се водат како исчезнати.

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по должината на непалско-кинеската граница се искачи на најмалку 919, а речиси 4.800 лица се уште се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странци, шест дена по катастрофата, соопштија властите денес.

Непалскиот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи соопшти дека во земјата се потврдени 903 смртни случаи, додека 4.247 лица, вклучувајќи 592 странци, се уште се водат како исчезнати.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат во погодените области, додека властите се обидуваат да стигнат до работниците заробени во неколку хидроенергетски проекти.

Меѓу исчезнатите на непалската страна се 25 припадници на непалската полиција, 45 припадници на армијата, 13 припадници на непалските вооружени полициски сили, 14 царински службеници на Непал и тројца службеници за имиграција. 933 лица се исто така водат како исчезнати во бројни хидроенергетски проекти во Непал.

Додадено е дека меѓу исчезнатите се 127 непалски патници, објави Анадолу.

Од кинеска страна, потврдени се 16 смртни случаи, додека 546 лица сè уште се водат како исчезнати во округот Џиронг во автономниот регион Сизанг во југозападна Кина, објави државната новинска агенција Синхуа.

Меѓу исчезнатите има 261 странски државјани.

Според консолидираните податоци, бројот на жртви изнесува 919, додека 4.793 лица се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странски државјани.

Кина распореди повеќе од 2.100 луѓе во операциите за пребарување и спасување, заедно со стотици возила и илјадници парчиња опрема за спасување.

Катастрофата се случи на 26 август кога глечер на планината Лангтанг Лирунг во Непал, на надморска височина од околу 5.200 метри, пукна, предизвикувајќи лавина од мраз и карпи што се претвори во огромен пороен тек од остатоци и се прошири низ долините по должината на границата. Огромниот воден бран, проследен со лизгање на земјиштето, ги опустоши непалските области Расува, Нувакот, Дадинг и Кавре, како и долината Катманду, додека од кинеска страна граничната област Џиронг беше затрупана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финска осуди руски неонацист на доживотен затвор- сега драстично му ја намалија казната

Финскиот Апелациски суд поништи делови од пресудата со која еден човек роден во Русија беше осуден за воени злосторства во Украина, намалувајќи ја неговата казна од доживотен затвор на 12 и пол години.

Финска осуди руски неонацист на доживотен затвор- сега драстично му ја намалија казната

Воислав Торден, 39, порано познат како Јан Петровски, беше прогласен за виновен од апелацискиот суд во Хелсинки за учество во заседа во 2014 година во која беа убиени 22 украински војници, поништувајќи ја одлуката на понискиот суд со која беше отфрлено обвинението.

Сепак, судот ги поништи пресудите на Торден за пукање и осакатување на ранет украински војник, што доведе до намалена казна.

Судењето на Торден беше редок случај во кој обвинители од друга земја гонеа наводни воени злосторства поврзани со бунтот против Киев поддржан од Москва во источна Украина, години пред целосната инвазија на Русија во Украина во 2022 година.

Торден има намера да поднесе жалба до Врховниот суд

Судот го прогласи Торден за виновен за учество во заседа во која напаѓачите користеле украинско знаме за да ги измамат украинските војници пред да отворат оган врз нив.

„Апелациониот суд утврди дека Торден, според првата точка од обвинението, е одговорен за смртта на 22 украински војници наведени во обвинението и за сериозното ранување на четворица војници“, се вели во пресудата објавена во понеделник.

Судот, исто така, ги потврди пресудите за објавување понижувачки фотографии од мртов украински војник и изјава дека неговата единица нема да покаже милост и нема да зема затвореници.

Адвокатот на Торден, Хеики Лампела, потврди за Ројтерс дека неговиот клиент има намера да поднесе жалба на пресудата по првата точка од обвинението до Врховниот суд на Финска. Заменик-јавниот обвинител Јука Рапе објави дека обвинителите ќе ја проучат пресудата пред да одлучат дали да поднесат жалба.

Успеа да влезе во Финска благодарение на новото име

Торден беше член на групата Русич, руска крајно десничарска и неонацистичка паравоена група. Според Министерството за финансии на САД, во 2022 година тој стана командант на таа паравоена група. Тој ја презеде функцијата од Алексеј Милчаков, кој беше ранет во битките за Харков истата година. И двајцата завршија под санкции на Европската Унија и САД поради дејствија што го загрозуваат суверенитетот, независноста и безбедноста на Украина.

Торден можеше да влезе во Финска во 2023 година благодарение на неговото ново име и фактот што на неговата сопруга ѝ беше понудено место на тамошниот универзитет. Тој пристигна во Финска со автомобил преку контролниот пункт Ваалимаа на 19 јули, во придружба на неговата сопруга и трите деца. Следниот ден беше приведен додека патуваше за Ница за да ги посети роднините.

Иако Киев побара Петровски да биде екстрадиран во Украина, Врховниот суд на Финска го отфрли барањето, предупредувајќи на лошите услови во украинските затвори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер