Трагедија во Унгарија: Шестмесечно бебе починало откако било одземено од биолошките родители

Шестмесечно момче од Унгарија, кое неодамна од биолошко било префрлено во згрижувачко семејство, во саботата било пронајдено мртво во домот на згрижувачката мајка.

Се верува дека малото момче се задавило од млеко.

Малото момче неодамна било одземено од татко му и мајката бидејќи домот во кој престојуваат бил нехигиенски и дури 16 луѓе живеел под ист покрив. Бебето било сместено во згрижувачко семејство, кое претходно одгледувало бројни деца. Меѓутоа, вчера, како што се сомневаат, згрижувачката мајка накратко го оставила детето без надзор веднаш по хранењето, а не била тука да реагира кога се случило задушувањето.

Како што пишуваат унгарските медиуми, згрижувачката мајка вчера му дала на бебето дополнителна храна на шише и заминала две минути за да испрати гостин кој бил во куќата. Кога се вратила, момчето повеќе не давало знаци на живот.

Медицински и полициски екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но немало начин да се спаси бебето.

Полицијата истражува како се случила трагедијата, а Центарот за социјална работа ги одзел и другите две деца кои биле сместени во тоа згрижувачко семејство.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер