3Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЖивотТрагедија во САД: Тинејџер бил убиен додека ја спасувал сестра си да не ја убијат на роденденотЗабавата за 16-ти роденден во градот Дејдвил во Алабама се претвори во масакр кога во саботата вечерта беа убиени четири лица, а 32 беа повредени.Пукањето се случило во центарот на Дејвил околу 22:34 часот по локално време. Меѓу убиените е Филставиус Даудел – надежен американски фудбалер и брат на славеничката Алексис, која за Би-Би-Си изјавила дека нејзиниот брат ѝ го спасил животот и дека умрел во нејзините раце. Како што пишува Би-Би-Си, 18-годишниот Фил Даудел дошол да ја земе својата сестра откако слушнал дека некој на забавата има пиштол. Нејзината мајка ЛаТоња Ален го слушнала истото, па ги вклучила светлата во просторијата каде се одржувала забавата, отишла кај диџејот и прашала дали има некој огнено оружје за да ја напушти забавата. Но, кога никој не зборувал, таа повторно ги изгасила светлата. Не долго потоа, одекнале истрели. „Одеднаш слушнавме истрели и видовме дека сите трчаат кон вратата, а некои луѓе паѓаат и врескаат“, изјавила Алексис за Би-Би-Си, додавајќи дека нејзиниот брат ја турнал на земја. Таа успеала да побегне од салата и да се сокрие надвор зад зградата во страв од напаѓачите. Кога сѐ завршило, таа се вратила внатре да го побара својот брат и го затекнала како лежи ранет на подот. Изгубил многу крв. Таа останала покрај него, тој повремено губел свест, не можел да зборува, но успеал да ги отвори очите и да ги подигне веѓите додека таа го држела во раце. „Последното нешто што му реков беше да се држи“, рече таа. Фил Даудел требало да оди на Државниот универзитет во Џексонвил со атлетска стипендија. Алексис рече дека уживала додека го гледа нејзиниот брат како игра фудбал и се смее со него. „Одвоено парче од моето срце. Тој требаше да матурира следниот месец. Наместо да одиме на матура, ние одиме на гробишта“, изјавила нивната мајка за Би-Би-Си. Алексис и нејзината мајка изјавиле дека не го знаат мотивот за пукањето. Локален свештеник изјавил за Би-Би-Си дека напаѓачот се уште е во бегство. Меѓу убиените на забавата се Шаункивија Смит (17), Марсија Колинс (19) и Корбин Холстон (23).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикиниСрпската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста. Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура. Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСидни Свини и Мерилин Монро се родниниПровокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди? Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд. Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година. Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter