Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар

Едно 7-годишно дете почина а неговата мајка со тешки изгореници е пренесена во болница по пожарот кој избил утринава во станбена зграда во Гостивар.

Смртта кај детето ја констатирале лекарите на ургентното одделение во болницата, а најверојатно настанала од задушување. Но што се случувало зад затворената врата на станот и дали некој кривично ќе одговара? Прашањето се поставува по застрашувачките сознанија на лекарите дека детето додека беснеел пожарот било врзано со ланец на нозете. Одговорот ќе треба да го даде истрагата на гостиварското обвинителство.

-Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.,- ОЈО Гостивар.

Родителите со своите четири деца живеле на третиот кат од зградата во чиј стан избувнал пожарот.

-Утрово околу 8 часот во СВР Тетово е пријавено дека во стан во станбена зграда на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар избувнал пожар. Како последица на пожарот две лица кои живееле во станот се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде кај едното малолетно лице е констатирана смрт, а другото е пуштено дома, велат од СВР Тетово.

Пожарникарските екипи интервенирале со две возила и за половина час пожарот бил локализиран.

Пожарот беше пријавен во 8 часот утрово, а пожарникарите пристигнале за десетина минути... Брзо го локализирале, но за жал не успеале навреме да го евакуираат детото.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер