Трагедија во Бразил: Две тинејџерки загинаа поради селфи

Две бразилски тинејџерки, 19-годишната Моник Медеирос и една година помладата Бруна Веласкез, паднаа во бездна од 30 метри височина и починаа.

Трагедијата се случила на врвот на водопад во бразилската држава Санта Катарини на југот на земјата.

Иако водопадот бил затворен за посетители, тинејџерките успеале да стигнат до врвот за да направат селфи.

Едната се лизнала, додека другата најверојатно се обидела да ја фати. Бруна загинала на местото на несреќата, а хеликоптер пристигнал за да ја спаси Моник. сепак , не стигнала жива до болницата.

"Двете беа неразделни. Бруна наскоро требаше да го прослави својот 19-ти роденден. Беше толку убава и млада", рече пријателка на Бруна.

"Моник сакаше да биде медицинска сестра. Ова е голема трагедија", додаде сопственикот на продавницата во која работела Моник.

Родители го пријавиле синот за малтретирање, при приведување продолжил со агресија

 Дваесет и едногодишен тетовец бил приведен откако родителите го пријавиле дека ги малтретирал дома. При приведувањето тој ги одбил наредбите на полицајците за легитимирање.

-Вчеравечер околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец Д.А. кој се однесувал агресивно кон нив и одбивал да се легитимира. Претходно бил пријавен дека психички и физички ги малтретира родителите, соопшти СВР Тетово.

Полицијата презема и други соодветни мерки за расчистување на случајот.

Навреме ќе заврши сместувањето во студенските и средношколските домови, уверува Царовска

Министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека студентите и средношколците навреме ќе бидат сместени во студенските и средношколските домови.

Селекцијата на оние кои ќе бидат сместени во домови и на оние кои ќе добијат финансиска поддршка за приватно сместување, како што изјави министерката, ќе се врши согласно ранг листата.

– Согласно ранг листата, влегуваат првите, а другите одат со дополнителна финансиска поддршка. Годинава, дополнителен критериум ќе биде дали факултетот или училиштето е започнато со комбинирана настава или физичко присуство затоа што има дел од факултетите кои целосно ќе одат со онлајн настава, истакна Царовска, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња".

Царовска очекува во најбрз рок Собранието да ги усвои измените на законите за студенски стандард и за ученички стандард со кои се регулираат новите услови за сместување.

Од Држаавниот студенски дом вчера информираа дека ќе биде отворени студентските и средношколските домови но оти ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите. Во двокреветна соба ќе може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета, максимум две лица.

Османи: Регионот мора да се издигне над предизвиците на пандемијата

Министерот Османи на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Централно Европската Иницијатива

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, учествуваше на редовниот министерски состанок на земјите членки на Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ), посветен на изнаоѓање начини за поуспешно прилагодување кон новата нормалност во сегашниот и пост-КОВИД-19 период.

„Пандемијата покажа колку сме како земји ранливи соочени со предизвиците на КОВИД19, особен ние, земјите од Југоисточна Европа, но во исто време, Пандемијата покажа дека имаме и волја, и капацитет за европски пристап во справувањето со овие предизвици, преку ефикасна меѓусебна соработка, како и соработка со институциите на Европската Унија.", истакна Османи, посочувајќи притоа на регионалните предизвиците кои следат: овозможување на слободно патување на граѓаните и непречено одвивање на транспортот; зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети како сегмент на економската соработка; па се до размена на информации и најдобри практики во рамките на здравствените протоколи, и епидемиолошките сознанија.

„Како нова Влада, како највисок приоритет на нашата надворешна политика ги поставивме добрососедските односи, со особен акцент кон интензивирање и поддршка на регионалната соработка, што соодветствува со темата и на актуелниов форум." истакна Османи, потенцирајќи притоа дека регионалната соработка треба да се гледа низ призма на и во насока на поддршка на политиката на проширување на Европската Унија кон земјите од западниот Балкан, за што изрази надеж дека ќе остане приоритет на Унијата и во претстојниот период.

Во своите обраќања, Министрите потенцираа дека главен приоритет во справувањето со пандемијата останува здравјето на граѓаните и минимизирање на последиците врз здравствените системи, но истовремено беше потенцирано дека рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, стануваат клучни предизвици за воспоставување на новата нормалност.

Министерската видео конференција е дел од редовните годишни состаноци организирани од страна на претседавачите со иницијативата. Покрај министрите за надворешни работи од 18-те земји членки на Иницијативата, на Конференцијата учествуваа и други високи претставници на Европската банка за обнова и развој, Светската здравствена организација, Советот на Европа, ОБСЕ, Регионалниот совет за соработка како и Комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

притисни ентер