Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
1Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
СветТрагедија на Велигден во Германија: Најдено е тело на шестгодишно момче со аутизамВо вечерните часови на Велигден од реката Лана во Германија е извлечено безживотно тело на дете.Се сомнева дека се работи за шестгодишното момче Павлос од Вајлбург, кое исчезнало на 25 март 2025 година, објави Билд. Чувствителното, аутистично момче со темни локни исчезнало од својата училница во неговото училиште за посебни потреби во Вајлбург тој ден. Околу 600 членови на итната помош постојано пребарувале во радиус од три километри околу овој мал град. Иако се уште нема официјална потврда, премиерот на Хесен, Борис Рајн (ЦДУ) изрази длабока тага. „Веста за смртта на малиот Павлос длабоко ме растажи. Мислите ми се со неговото семејство. Им благодарам на сите што помогнаа“, напиша доцна во ноќта на мрежата Х. Целиот град ја сподели тагата на момчето и неговото семејство - секој што можеше да помогне. Во потрагата по момчето беа ангажирани дури и специјални воздушни единици од Германија . Но, потрагата беше неуспешна. Во 18 часот кануист ја известил полицијата дека забележал безживотно тело на дете во близина на надвозникот на патот Б456 над реката Лана. Пожарникарите, брзата помош и полицијата веднаш реагирале. На местото на настанот, дежурниот лекар можел само да ја констатира смртта на детето. Полицијата најави дека во наредните денови ќе спроведе истрага за расветлување на околностите на смртта.Тагови: Германија тело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Дикаприо „се запуштил“ покрај 23 години помладата убавица Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо е уловен во друштво на 23 години помладата девојка, но наместо за убавицата сите зборуваат за изгледот на актерот.Леонардо ди Каприо и неговата девојка, Виторија Черети – која е 23 години помлада од него – се фотографирани на Хаваи, каде што изгледот на славниот актер го привлече вниманието на фотографите. Како и многу други познати личности, Лео и манекенката Виторија во последно време престојуваат на Хаваи. Повод за нивното присуство таму е свадбата на Џенифер Мајер, дизајнерка на накит и поранешна сопруга на актерот Тоби Мегваер. Се чини дека, по свадбената церемонија, славните личности решиле да уживаат во убавините на оваа тропска дестинација и се упатиле кон плажата. Познатиот пар веднаш го привлекол вниманието на фотографите, а фотографии од нив брзо се појавиле во медиумите. Манекенката, како и многупати претходно, покажа беспрекорна фигура во минијатурно бикини, додека нејзиниот сакан откри дека – судејќи според изгледот на неговото тело – ужива во животот... Малку се опуштил, што значи дека е сигурен во својата 23 години помлада убавица. За време на фотографирањето носеше шорцеви за капење и гордо го покажа стомакот, а фотографиите се проширија на интернет со брзината на светлината. Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на СоветотГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски. Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација. Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи. Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката. „Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски. На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен. „Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаОдбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собирОдбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор. Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење. Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок. Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива. Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната. Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка, стои во соопштението до јавноста од одбраната на Артан Груби.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook