1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
ФудбалТотенхем со потенцијално решение во одбраната: Кевин Дансо е нов стопер на „петлите“Кевин Дансо успешно го заврши трансферот од Ленс во Тотенхем, објавија во текот на денот францускиот и англискиот клуб. Спарс оваа сезона имаа големи проблеми во одбранбената линија, па доаѓањето на австрискиот стопер многу ќе им значи.Како што соопшти Тотенхем, 26-годишниот фудбалер се приклучи на позајмица до крајот на сезоната, со обврска за откуп во јуни. Дансо беше редовен член на првиот тим на Ленс во изминатите три и пол сезони. За францускиот прволигаш одигра 126 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Пред да дојде во Франција, Дансо играше за Фортуна Дизелдорф, Саутемптон и Аугсбург. Од 2017 година е репрезентативец на Австрија за којз одигра 24 натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите на Европското првенство каде остана запаметен по тоа што му го скрши носот на Килијан Мбапе. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во КолумбијаВо Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи.. Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалтПо три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор. Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните. Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook