Тошковски за случајот „Мазут“: Не смее да има тивок обид на затворање на постапката, ова е разочарување на целиот тим на МВР - Канал 5

Тошковски за случајот „Мазут“: Не смее да има тивок обид на затворање на постапката, ова е разочарување на целиот тим на МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. 

Тошковски за случајот „Мазут“: Не смее да има тивок обид на затворање на постапката, ова е разочарување на целиот тим на МВР

Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството.

Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази.

– Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството. Ова е огромно разочарување особено за целиот тим на МВР кој работеше на случајот, рече Тошковски.

Вели дека конечно е дојдено време ваков потенцијален криминал каков што е направен во овој случај да не биде затворен со, како што рече, плитко постапка.

– По информациите што ги имам добиено од луѓе кои се дел од овој процес не сметам дека е постапено максимално професионално и во насока на утврдување на правилната фактична состојба се со цел да се разоткрие она што е правено. Ни оддалку не сметам дека е доловена фактичната состојба, рече Тошковски.

Според Тошковски, овој случај се уште не е затворен.

– Ќе види јавноста во следниот период за што точно сум сакал да поентирам од аспект на фактична состојба којашто МВР неспорно ја има утврдено изминатиот период во насока на остварување на право и правда, рече Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Во скоро пресушениот Дунав се појавија бродови од Втората светска војна

Нивото на водата во најдолгата европска река Дунав е  на историски минимум поради сушата на Балканот, што резултираше со појава на бродови на германската морнарица од Втората светска војна. 

Фото: Во скоро пресушениот Дунав се појавија бродови од Втората светска војна

Како што објави Ројтерс, бродовите се појавиле на делот од Дунав што минува низ Прахово, град во Србија, додека непотврдени информации укажуваат дека е многу веројатно дека во нив има неискористена муниција.

Бродовите според извештајот на Ројтерс наводно ги потопиле самите нацисти за да спречат да паднат во рацете на тогашната советска армија, за време на нејзиниот контранапад, објавува Прототема.

Според проценките на експертите, на дното на Дунав во близина на Прахово има десетици германски бродови, вклучувајќи патролни чамци, реморкери и транспортни бродови. Се верува дека дел од остатоците сè уште се закопани од речните наноси, додека други станале видливи поради рекордно ниските нивоа на водата.

Остатоци од бродови со децении се еден од најголемите проблеми за пловидба на овој дел од меѓународниот воден пат.

Ниското ниво на водата на Дунав во последните денови предизвикува проблеми низ целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Победникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза.

Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случува со Аријана Гранде?

Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени 

Што се случува со Аријана Гранде?

Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед.

За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот.

Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура.

YouTube video

„Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер