Тошковски: Во огласите на МВР се наведуваат основните законски услови, а не која политичка партија треба да бидат апликантите“ - Канал 5

Тошковски: Во огласите на МВР се наведуваат основните законски услови, а не која политичка партија треба да бидат апликантите“

„Во огласите на МВР се наведуваат основните законски услови, а не која политичка партија треба да бидат апликантите“ – порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата од СДСМ дека се „мести“ тендерот за возачките испити.

Тошковски: Во огласите на МВР се наведуваат основните законски услови, а не која политичка партија треба да бидат апликантите“

„Во огласите на МВР се наведуваат основните законски услови, а не од која политичка партија треба да бидат апликантите“ – порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата од СДСМ дека се „мести“ тендерот за возачките испити во Битола, Ресен и Прилеп. Според него, претходно со истиот полигон договор имала фирма на семејство блиско до СДСМ, која сега не ги исполнила законските услови, па праша, врз основа на кои критеруми го добиле тогашниот тендер.

-Ако им е толку многу битно, кој од која политичка партија е, дали токму фамилијата од СДСМ, и те како моќна фамилија во рамки на реонот Преспа, е онаа фамилија која што одлучила кој ќе го добие тендерот. Дали е точно дека токму фамилијата и во минатото и денеска била доста значајна, а е од редовите на СДСМ е сопственик на полигонот, кој што пак бил клучен компанијата која го добила огласот, да го добие огласот. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Од СДСМ и денеска обвинуваат дека МВР е во функција на партиски бизниси, односно дека милионскиот тендер за организирање на возачки испити во пелагонискиот регион е дадена на фирма која е регистрирана пред три месеци, а е во сопственост на советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево – Филип Митрески. Од СДСМ побараа институциите да постапат, односно ДКСК да отвори предмет и да го испита целиот процес, а ОЈО да покрене постапка по допрен глас

-Станува збор за сериозни индиции дека тендерот бил однапред наместен, дека целата процедура е креирана за да се обезбеди профит за партиски блиски структури. Ваков модел на доделување на јавни услуги – на нови фирми без искуство, контролирани од партиски кадри, претставува класичен партиски грабеж. – СДСМ

Обвинувањата од СДСМ следуваат откако медиумите во јавноста пред две недели отворија сомнежи за фирмата која го добила тендерот. Освен МВР тогаш и сопственикот Митревски во пишана изјава порача дека, иако фирмата постои од лани, тимот кој работи е професионален со долгогодишно искуство во возачките обуки и организирање на испити. Што се однесува до партиските поврзувања, Митревски посочи дека без разлика на политичките убедувања, секој има право да основа и води фирма, доколку ги исполнува законските услови, односно дека професионалноста треба да биде мерило, а не личната политичка определба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Со почит,

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер