Тoшковски: Вложуваме во луѓето, нивната подготвеност и едукација - Канал 5

Тoшковски: Вложуваме во луѓето, нивната подготвеност и едукација

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука во Идризово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваа на предавање на донација од спортски душеци - татами и кимона .

Тoшковски: Вложуваме во луѓето, нивната подготвеност и едукација

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука во Идризово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваа на предавање на донација од спортски душеци - татами и кимона наменети за опремување на џудо салата наменета за обука на полициските кадети и полициските службеници.

Министерот Тошковски подвлече дека оваа соработка произлегува од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи и министерството за спорт и Меморандумот за разбирање помеѓу Националната џудо федерација и Европската џудо федерација кој беше потпишан на Европското првенство во џудо за кадети кое се одржа во Скопје претходната недела.

„Вложуваме во луѓето, во нивната подготвеност и едукација. Градиме силна и подготвена полиција која ќе одговори на безбедносните предизвици на денешнината и успешно ќе се бори со криминалот. За тоа е потребно и постојана физичка подготвеност која ја обезбедуваме преку унапредување на сите спортски капацитети тука во Центарот за обука така и другите капацитети на МВР. Денес со помош на министерството за спорт и Европската џудо федерација ја опремуваме џудо салата каде кадетите и полициските службеници ќе ја одржуваат својата физичка кондиција и ќе унапредуваат своите вештини потребни за успешно извршување на работата.“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски образложи дека преку оваа соработка планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници во насока на подобрување на самоодбраната и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер