Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една - Канал 5

Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една

Тошковски нагласи и дека седум полициски службеници му овозможиле на кабарето да работи во супстандардни услови.

Тој изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е едениствена и дека има најмалку уште една.

-Досега се уапсени 26 лица, списокот не е затворен, изјави министерот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор. Осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со кривично правен настан, кое притоа и во овој момент е едно од раководните лица во Министерството за економија.

-Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, рече Тошковски на прес-конференцијата.

Како што дополни, како службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

-Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди, рече Тошковски.

Тој потенцира дека првиот, како главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип, и вториот како самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

Третиот, како началник на Одделението за полиција во СВР Штип и четвртиот како началник на СВР Штип, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови и со тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат и одобрат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, сториле незаконитост.

-Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, истите вака изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето, појасни Тошковски.

Како што посочи, ценејќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.

-Овие лица, во овој момент, се обезбедени од страна на МВР и се носат во рамки на надлежниот суд, пред надлежен судија, во рамки на претходна постапка. До сега има определено мерка притвор за 18 лица, освен овие седуммина кои ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Ќе биде изведено пред судија на претходна постапка уште едно лице по наредба на надлежен јавен обвинител, кое што е поврзано со овој кривично правен настан, а притоа е едно од раководните лица и во овој момент во Министерството за економија, додаде Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Шпанија е пронајдена плантажа за марихуана под детско игралиште- полицајците се фаќаат за глава (ВИДЕО)

Шпанската полиција откри огромна подземна плантажа со марихуана скриена под детско игралиште на приватен имот во Лас Габијас, недалеку од Гранада на југот на земјата. 

Во Шпанија е пронајдена плантажа за марихуана под детско игралиште- полицајците се фаќаат за глава (ВИДЕО)

1.954 растенија марихуана беа пронајдени во софистициран бункер со површина од околу 180 квадратни метри.

Шпанската Гвардија Цивил објави снимки и фотографии од полициската акција во која беа уапсени пет лица, додека уште три се под истрага. Осомничениот водач на криминална организација е осуден на притвор.

Лулашка и детска куќичка криеја огромен бункер

На прв поглед, просторот зад куќата изгледаше како обично детско игралиште со вештачка трева, лулашка, куќичка за играње и мала подлога. Сепак, под неа се наоѓаше подземен комплекс висок пет метри.

Полицајците открија голема врата со хидрауличен систем за отворање. Под нив имаше рампа доволно голема за автомобили да влезат во подземниот простор.

Во бункерот беа пронајдени две големи простории наменети за интензивно одгледување марихуана.

Полицијата откри и сомнителна врска со електричната мрежа преку која, според резултатите од истрагата, плантажата нелегално се снабдувала со електрична енергија. Потрошувачката на електрична енергија одговарала на потрошувачката на приближно сто домаќинства.

Според проценката на шпанската полиција, ова е најголемиот и технолошки најсофистициран подземен објект за нелегално одгледување марихуана откриен досега во покраината Гранада.

Тие имале и продавница вредна неколку милиони евра.

Истрагата траела повеќе од една година, а полициската акција била спроведена на 17 ноември. Полицијата претресла вкупно 13 имоти во Гранада и четири околни градови.

На трите плантажи биле пронајдени вкупно 2.479 растенија марихуана. Конфискувани се и 22.970 евра во готово, два автомобила, два комбиња, караван, приколка и електричен пиштол за зашеметување.

Полицијата, исто така, запечатила деловен простор специјализиран за продажба на опрема за одгледување канабис, чија вредност се проценува на неколку милиони евра.

Сопственикот на тој деловен простор наводно бил водач на криминална организација, за која полицијата се сомнева не само дека одгледува марихуана, туку и дека снабдува други криминални групи низ цела Шпанија со специјализирана опрема.

Осомничените се обвинети за кривични дела поврзани со производство на дрога, кражба на електрична енергија, нелегално поседување забрането оружје и припадност на криминална група.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Возач на автомобил во регионот Кемерово во Русија успеал да премине преку понтонски мост само неколку секунди пред да биде однесен од силна струја.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Драматични снимки го покажуваат моментот кога структурата се урива веднаш откако возилото преминало на другата страна.

Режим на висока тревога

Видео од инцидентот што се случил на 24 ноември во југозападен Сибир беше објавено од медиумот „Известија“.

Автомобилот успеал безбедно да премине, но силна струја веднаш ја одвоила структурата на понтонскиот мост во близина на селото Мајзас. Сообраќајот на мостот во моментов е прекинат.

Поради штетата, воведен е режим на висока тревога, објави шефот на регионот, Павел Камбалин.

Властите се на постојана дежурство

Тој рече дека општинските служби и одделенијата за цивилна заштита и вонредни ситуации организирале дежурство со чамци за да можат да интервенираат во случај на итна потреба за транспорт на луѓе.

Тој додаде дека во селата Мајзас и Ортон има клиники со служби за итна медицинска и акушерска нега, и дека на жителите не им недостасуваат лекови и храна. Обезбедени се и залихи со храна за училиштето во Ортон, додека надлежните служби се на терен за да проценат колку време ќе биде потребно за обнова на оштетениот мост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

Владата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики.

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока. Постојано се работи на отворање нови можности за вработување и самовработување на младите, реконструкција и подобрување на условите во студентските домови, воведување нови категории стипендии, како и намалување на дигиталната нееднаквост. Тоа се мерки што одговараат на различните потреби на младите и имаат за цел да им овозможат подобри услови за образование, работа и личен развој.

Владата продолжува со нови решенија преку кои студентите ќе добијат дополнителни поволности и конкретни финансиски придобивки во секојдневниот живот.

Станува збор за ново законско решение, со кое секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги.

Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.

За подготовката на ова законско решение се вклучени повеќе надлежни институции, кои работат во меѓусебна координација. Во процесот учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

Исто така, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Почитувани,

Нашата цел е поддршката за студентите да одговори на повеќе аспекти од нивниот секојдневен живот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки и законски решенија насочени кон младите. Преку подобри услови за образование, нови можности за вработување и дополнителни финансиски поволности, целта е младите да имаат повеќе причини и можности да ја градат својата иднина дома, рече Дамјан Коњановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер