МакедонијаТошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомвриМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На средбата беше констатирано дека активностите се во завршна фаза и дека системот треба да започне со примена од 12 октомври. „Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид. Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција“, истакна министерот Тошковски. Во рамки на посетата се разговараше и за состојбите и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, спречувањето на нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот. При посетата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот информираше и за значаен исчекор во соработката со ФРОНТЕКС. Договорено е активностите што досега се спроведуваат на јужната граница да бидат проширени и кон западната граница, при што почетокот на заедничките активности се очекува на почетокот на идната година. „За првпат е договорено ФРОНТЕКС, во рамки на соработката што ја имаме со Европската Унија, своите активности да ги насочи и кон западната граница, а не само кон јужната како досега. Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што ќе обезбедиме дополнителни капацитети и подобра контрола на западната граница, пред сè кон Република Албанија“, потенцираше Тошковски. Министерот нагласи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на полициското работење, зајакнување на граничната безбедност и унапредување на капацитетите на полициските служби, со цел поефикасно справување со безбедносните предизвици и поголема безбедност на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСловенија ја укинува деветолеткатаСловенија се подготвува за една од најголемите промени во основното образование во последните две децении. Министерот за образование, наука и млади Борут Рончевиќ најави укинување на сегашниот модел на деветгодишно основно образование и воведување „современа осумлетка“. Планот беше објавен при претставувањето на резултатите од истражувањето pisa 2025, кое покажа пад на резултатите на словенечките 15-годишници во читање, математика и природни науки. Министерот оцени дека резултатите се сериозно предупредување и најави целосна реформа на образовниот систем. Иако се зборува за „укинување на деветолетката“, според најавениот модел децата и понатаму би имале девет години задолжително образование.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
СветЗеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк. „Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“. По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање. Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и ТурцијаПромена на условите за влез во Црна Гора ќе стапи на сила од 1 ноември 2026 година, кога за државјаните на Русија, Белорусија и Турција ќе биде потребна виза за влез, транзит и престој во земјата.Одлуката е дел од процесот на усогласување на визната политика на Црна Гора со законодавството и практиките на Европската унија, во рамки на обврските поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Црногорската влада на 23 јули ја усвои измената на уредбата за визниот режим, со која се предвидува укинување на досегашниот безвизен режим за граѓаните на трите земји и воведување визна обврска од 1 ноември. Со оглед на тоа што безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, црногорските власти ќе започнат постапки за престанок на нивната важност. Сепак, за Турција е предвидена можност за задржување на безвизниот режим за одредени категории патни исправи. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за лицата кои поседуваат дипломатски, службени и специјални пасоши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00