Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
2Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
ЕвропаТорнадо направи пустош низ Романија (ВИДЕО)Неверојатни снимки доаѓаат од Романија, од округот Муреш, каде што пустошеше торнадо.Во понеделник вечерта, во општината Ричу во Романија се формира торнадо, за среќа со низок интензитет, но жителите на областа сигурно беа шокирани кога го видоа овој метеоролошки феномен, објавија романските медиуми. Торнадото е моќна, брзо ротирачка маса од воздух што се протега од грмотевичен облак, најчесто кумулонимбус, до земјата. Се формира во услови на многу нестабилна атмосфера, кога топол, влажен воздух се судира со постудени слоеви и кога ветрови на различни висини дуваат со различни брзини и насоки. Ова „свиткување на ветерот“ може да предизвика ротација што се спушта кон земјата под силна бура. Торнадото изгледа како инкаст облак или „цевка“ што се спушта од облакот, и кога ќе ја допре земјата може да крене и уништи сè на својот пат: покриви, дрвја, возила, па дури и куќи ако е доволно силно. Слабо торнадо може да трае кратко време и да предизвика мали штети, додека силното може да биде исклучително деструктивно, со ветрови што надминуваат 300 км/ч. Најчесто се јавуваат во Соединетите Американски Држави, но можат да се појават и во Европа, вклучувајќи го и Балканот, како во овој случај во Муреш.Тагови: Романија Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Увид во градежните активности во БардовциГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци.Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување. Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата. Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена. При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законикЕдинственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик.Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори. Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори. Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат 3 циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори. Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да и наштетат на државата со ваквиот однос. За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во РА, односно во носење на реформите, а тоа што не се носи ИЗ е само вина на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода. Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството. Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните. Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook