Бебето се роди во четвртокот, а Тори го обелодени неговото раѓање на Инстаграм, со оваа фотографија.
- Многу сме благодарни за нашата голема, убава и здрава фамилија. Браќата и сестрите го дочекаа Бо како благослов - изјави Тори за „People“.
Таа фамилија сега се состои од Тори (43), нејзиниот сопруг Дин МекДермот (50), синот Лиам (9), ќерката Стела (8), ќерката Хети (5), синот Фин (4) и сега најмалиот Бо.
Тори Спелинг и Дин МекДермот имаа големи проблеми во бракот кој трае веќе 10 години. Поради бројните неверства, тој мораше да се лекува на клиника за одвикнување од секс, а потоа западнаа и во тешки финансиски проблеми. Но, изгледа дека успеале да се изборат со сите предизвици...