Топлотниот бран ги полни детските амбуланти - Канал 5

Топлотниот бран ги полни детските амбуланти

Мали бебиња и деца до две години периодов завршуваат на лекар поради висока температура која со денови не се нормализира, без други симптоми на вирус и зараза. 

Топлотниот бран ги полни детските амбуланти

Ова се должи на топлото време и т.н прегревање на телото на дечињата бидејќи поради страв да не настинат родителите премногу ги облекуваат дури и на изгор топло време, вели Д-р Мира Атанасова, специјалист педијатар, во чија ординација само во една смена деновиве се прегледуваат и до 50 пациенти дневно.

-Најчество доаѓаат дечиња, без никакви други симптоми на болест освен покачена телесна температура. За нас зголемена телесна температура е над 38.5 и погоре и им препорачуваме на родителите да не даваат веднаш лекови, да не брзаат со антипиретикот, велиме, фрлета ја облеката на детето, истуширајте оладете со млака вода има и раствори што може како фрикции да ги користиме, разредени алкохоли иако тоа строго го ограничуваме кај одредена група на деца. Значи туширање и престој во климатизирани простории, не мора веднаш да се даде парацетамол. Овде последните денови гледам дечиња кои навистина немаат симптом на вирусна инфекција, ниту киваат, ниту кашлаат.- д-р Мира Атанасова – специјалис педијатар.

Педијатрите препорачуваат внес на многу течности, а да се земаат и електролити, бидејќи најопасното за најмалите е дехидратацијата. Пелената која е сува и по неколку часа е доволен но и силен аларм за да се реагира на време, вели д-р Атанасова.

-Родителот треба да забележи, прво кај доенчињата на пример, сува пелена. Со часови сува пелена. Тоа покажува дека тоа дете не пие доволно вода, бубрезите се мачат, и детето мора веднаш да се стави на поголем внез на течности. И ние можеме сите електролит да направиме и во домашни услови, исцедено овошје, јаболки, портокали, ќе ги раствориме со една лажица сода, неколку лажички шеќер и една сол и потоа ќе ја наполниме оваа течност со вода до еден литар. Значи ова е природен електролит, не мора да е купен, фармацевтски,- д-р Мира Атанасова – специјалис педијатар.

Поради најавените повиски температури Комисијата при Институтот за јавно здравје заседаваше и даде општи препораки за заштита на граѓаните, и засега не се планирани конкретни мерки кои вклучуваат и ослободување од работа за ранливите категории. Во меѓувреме, европските земји воведуваат низа вонредни мерки за справување со топлотниот бран.

Во Франција, каде што според здравствените власти екстремните горештини се поврзуваат со околу 1.000 смртни случаи, во Париз се поставени специјални „кади за разладување“ во противпожарните станици и центрите за итна медицинска помош за брз третман на лица со топлотен удар. Дополнително, локалните власти воведоа и ограничувања за продажба и консумирање алкохол на јавни места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва

Повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, беа цел на украински беспилотни летала во уште еден напад во текот на ноќта.

Голем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва

Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од илјада авиони, пишува Euronews.

Новиот напад се случи само еден ден откако Русија објави дека уништила повеќе од 1.200 украински беспилотни летала. Стотици авиони во последниот бран го таргетираа московскиот регион, додека украинските сили нападнаа и десетина други области.

Двете земји ги засилија воздушните напади во последните месеци, бидејќи војната влегува во својата петта година.

Извештај од Москва

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 беспилотни летала летале во пошироката област на главниот град.

„Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните пристапи. Вкупно 105 беспилотни летала беа уништени на самиот пристап кон Москва“, напиша Собјанин на државната платформа Max.

Иако редовно се спроведуваат размени на затвореници, дипломатските напори за завршување на најтешкиот европски конфликт од Втората светска војна сè уште не доведоа до конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. 

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите.

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Снегот на повисоките места донесе забрани за движење на тешки товарни возила на четири патни правци во Македонија. 

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Според утринскиот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) од 7:45 часот на 29 ноември, ограничувања има на Маврово – Дебар, преку Стража, на патот кон граничниот премин Деве Баир и преку превојот Ѓавато.

Утрово е укината забраната за камиони преку превојот Буково на патот Ресен – Охрид, а сообраќајот е нормализиран и на патот од Делчево до истоимениот граничен премин со Бугарија.

Според дневните информации на АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на следните правци:

Крак Маврово – Дебар, од 18:00 часот на 28 ноември;

превој Стража, на патот Гостивар – Кичево, од 18:00 часот на 28 ноември;

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, од 22:15 часот на 28 ноември;

Битола – Ресен преку Ѓавато, од 00:20 часот на 29 ноември.

Ограничувањата се однесуваат на тешките товарни возила. АМСМ ги повикува сите возачи да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Укината забраната преку Буково

На патот Ресен – Охрид, преку планинскиот превој Буково, забраната за тешки товарни возила била укината во 7:30 часот. Според АМСМ, оттогаш делницата е проодна за сите видови возила.

Претходно, во 7:00 часот, сообраќајот за сите возила бил пуштен и на магистралниот пат Делчево – граничен премин Делчево, каде што се одвива нормално.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег се бележи на повисоките места, додека во пониските предели врнежите се со послаб интензитет.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека патните правци се расчистуваат од снег со расположливата механизација. Проодноста, сепак, не значи дека сите правци се отворени за секој вид возило, бидејќи на наведените делници важат ограничувања за камиони.

Внимателно низ клисурите и задолжителна зимска опрема

АМСМ препорачува внимателно возење и поради можност од одрони, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември е во сила и обврската за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Таа важи до 15 март 2027 година.

АМСМ потсетува и дека патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 17 ноември е сезонски затворен за сите видови возила. Ова е посебен патен правец од делницата Ресен – Охрид преку Буково.

Според утринските информации, сообраќајот надвор од градските средини е со умерен интензитет, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Пред поаѓање, возачите можат да ја проверат состојбата на патиштата на страницата на АМСМ или да се јават на 02/15 555, бидејќи ограничувањата може да се променат во зависност од временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер