Топ десетте најмоќни пасоши на светот, македонскиот на 40 место - Канал 5

Топ десетте најмоќни пасоши на светот, македонскиот на 40 место

Државјаните на Сингапур имаа уште една добра причина за радување, нивниот пасош стана најмоќната патна исправа на светот, симнувајќи го од тронот германскиот пасош.

Топ десетте најмоќни пасоши на светот, македонскиот на 40 место
Според „Arton Capital’s Passport Index“, кој ги рангира пасошите според бројот на земјите во кои со нив може да влезете без виза ја објави новата ранг листа на најмоќни пасоши.

На првото место на оваа листа е пасошот на Сингапур, лицата кој посетуваат сингапурски пасош во моментов без виза може да посетат дури 159 држави од светот. Ова е прв пат во историјата пасош на една азиска држава да се најде на првата позиција.

На второто место е пасошот на Германија(без виза влез во 158 држави во светот), а на третата позиција се пасошите на Јужна Кореја и Шведска (без виза посета на 157 држави).

Од државите од поранешна Југославија најдобро котира пасошот на Словенија, кој е на десеттата позиција на светската ранг листа на најмоќни пасоши. Македонскиот пасош според моќноста е на 40 место, пред нашата патна исправа се пасошите на Хрватска 14, Србија 38 место, Црна Гора 42 и БиХ на 45 место.

Инаку, на последната позиција на листата на најмоќни пасоши е патната исправа на Авганистан, чии државјани без виза може да посетат само 22 земји.

Десетте најмоќни пасоши:

1. Сингапур (159 држави)
2. Германија (158 држави)
3. Јужна Кореја , Шведска (157 )
4. Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија,Норвешка, Шпанија и Велика Британија (156)
5. Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија и Швајцарија (155)
6. Канада, Ирска, Малезија и САД (154)
7. Австралија, Грција и Нов Зеланд ( 153)
8. Чешка, Исланд и Малта (152)
9. Унгарија (151)
10. Летонија, Литванија, Словенија, Словачка и Полска (150)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата

Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција.

Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена приказна за вината, правдата, политичката меморија и границите на поделбата меѓу доброто и злото. Филмот, снимен на македонски, хрватски и ирски локации, отвора простор за преиспитување на едноставните историски и морални категории, особено во општествата што сè уште живеат со последиците од насилното минато.

Во продолжение, септемвриската програма се свртува кон класичниот американски филм со неколку значајни остварувања. „Beat the Devil“ на Џон Хјустон, со Хамфри Богарт, Џенифер Џонс и Питер Лоре, е иронична и жанровски разиграна авантуристичка комедија во која режисерот ги превртува конвенциите на авантуристичкиот филм и ги претвора алчноста, измамата и човечката слабост во црна комедија на апсурдот.

„Suddenly“, политичкиот трилер на Луис Ален со Френк Синатра, ја гради својата тензија врз идејата за атентат и опасноста што ненадејно навлегува во навидум мирната секојдневност. Филмот е истовремено и интересен пример за атмосферата на американската жанровска кинематографија од педесеттите години, кога стравот, политичката параноја и насилството постепено стануваат дел од популарната филмска имагинација.

Посебно место има и „Angel and the Badman“ на Џејмс Едвард Грант, класичен вестерн со Џон Вејн, во кој мотивот на преобразбата станува основа за приказна за насилството, искупувањето и можноста човекот да избере поинаков живот. Традиционалниот вестерн овде добива и морална димензија, спротивставувајќи ги културата на оружјето и логиката на одмаздата со идејата за ненасилство и човечка промена.

Септември носи и посебна целина посветена на немиот и класичниот филм, со која Кинотеката повторно ја нагласува потребата од курирано присуство на филмското наследство во современиот културен простор. Ваквите проекции се потсетување дека историјата на филмот е жива уметничка традиција која и денес може да вибрира со својата естетика, јазик и радикалност.

Во рамките на месецот е предвидена и програмата „Денови на хрватскиот филм“, која отвора простор за претставување на хрватската кинематографија во нејзините различни историски, естетски и тематски пројави. Во таа смисла, програмата е и можност за повторно согледување на заедничките културни и филмски врски на просторот на поранешна Југославија, како и на специфичните патишта по кои се развивале националните кинематографии.

Месецот завршува со „The Man with the Golden Arm“ на Ото Премингер, еден од значајните филмови на американскиот филмски модернизам од педесеттите години. Со својата смела тематизација на зависноста, социјалната маргинализација и човечката слабост, филмот претставува дело што во своето време ги поместил границите на она што холивудскиот филм можел отворено да прикаже. Воедно, визуелниот и графичкиот стил на Премингер останува еден од препознатливите примери за модернизацијата на американскиот филмски израз.

Така конципирана, септемвриската програма ја потврдува филмската разновидност како една од најголемите вредности на Кинотеката. Од македонскиот филм до класичниот Холивуд, од балканските трауми до европските културни судири, од вестернот и политичкиот трилер до немиот филм и регионалната кинематографија, септември нуди повеќе увиди во спектарот на кинематографската уметност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Во Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања.

Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер