Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година - Канал 5

Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година

На листата најплатени глумци во светот за изминатата година, меѓу првите 10-мина, има само една жена: Никол Кидман. Следи целосниот список.

Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година

Американскиот глумец и пејач Вил Смит заработил 26 милиони долари, заземајќи го 10. место пред Маришка Харгитај, која заработи 25 милиони долари. Неговата сума најмногу може да му се припише на филмот „Лоши момци: Сѐ или ништо“ (Bad Boys: Ride or Die) - 4. дел од серијалот, којшто годинава заработи 404,2 милиони долари ширум светот, со продукциски буџет од 100 милиони долари.

Адам Сендлер заработи 26 милиони долари, благодарение на филмовите „Астронаут“ (Spaceman) и „Среќниот Гилмор 2“.

Австралиската „оскаровка“ Никол Кидман заработила 31 милион долари. Нејзиниот успех се должи на прилично успешната година во којашто таа имаше улога во филмовите „Малечка“ (Babygirl) и „Семејна афера“ (A Family Affair), и „Магепсани“ (Spellbound) на Нетфликс.

Џорџ Клуни - 31 милион долари. Американскиот глумец ce појави во „Волци“ (Wolfs) со Бред Пит и „Ако“ (IF).

Бред Пит - покрај „Волци“, глумецот лани продуцирал и седум други филмови. Неговата вкупна заработка била 32 милиони долари.

Хју Џекмен има годишен приход од 50 милиони долари. Тоа, најмногу благодарение на „Дедпул и Вулверин“ којшто заработи 1,34 милијарди долари ширум светот.

Џери Сајнфелд лани стана милијардер - со помош на „Одмрзнат“ (Unfrosted) филм којшто му донесе најмалку 60 милиони долари.

Кевин Харт со заработени 81 милион долари е трет, благодарение на филмот „Погранична област“ (Borderland), продолжението на „Умри Харт“ (Die Hart) и барем 90 стенд-ап настапи.

На второ место е Рајан Рејнолдс - со 85 милиони долари заработка. Покрај неговите улоги во „Дедпул и Вулверин“, тој продуцираше нови епизоди од серијата „Добредојдовте во Рексам“, но учествуваше и во преработката на сценариото за филмот „Ова завршува со нас“ со Блејк Лајвли.

Двејн Џонсон - со 88 милиони долари повеќе на својата сметка, е на врвот на листата. Тој е актуелен со филмовите „Црвениот“ (Red One) на Амазон - вреден 50 милиони долари, и „Моaнa 2“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Хамза бин Ладен е жив?

Синот на некогаш најбараниот свтески терорист, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив.

Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив и ги предводи обновените напори на Ал Каеда за изградба на мрежа од милитантни групи во Азија и Африка.

Ова се наведува во нова разузнавачка проценка објавена од британскиот весник „Мирор“.

Според таа проценка, Ал Каеда наводно намерно ширела информации за смртта на Хамза за да го отстрани од списокот на цели и да му овозможи од сенка да преземе лидерска улога во организацијата.

Хамза бин Ладен, кој сега би имал 37 години, е најстариот син на Осама бин Ладен – основачот на Ал Каеда и идејниот творец на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хамза бин Ладен бил убиен во американска операција во 2019 година.

Сепак, според разузнавачка проценка до која дојде весникот „Мирор“, Ал Каеда наводно манипулирала со телефонските разговори на членовите на семејството и соработниците на Хамза за да ги убеди американските разузнавачки служби дека тој е мртов.

Во проценката се наведува дека тогашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, наводно одиграл клучна улога во таа операција.

Според овие наводи, соработниците на Хамза отворено разговарале по телефон за неговата смрт, свесни дека комуникацијата може да биде прислушувана. Понатаму, во проценката се наведува дека по смртта на Ал-Завахири во американскиот напад во Кабул во 2022 година, Хамза ја презел лидерската улога во организацијата.

Тој потоа наводно воспоставил мрежа од кампови во Авганистан и се поврзал со разни милитантни групи, вклучувајќи организации поврзани со Иран, Хамас и Исламската држава.

Во документот се проценува дека потенцијалната закана за Обединетото Кралство и САД може да вклучува напади со голем број жртви, киднапирања, поединечни напади, саботажи, атентати, како и напади врз транспортната инфраструктура и цели поврзани со Израел и еврејските заедници.

Ивор. Б92.нет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг.

Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко

Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање.

„Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата.

Таа често зборува за врската со Косово

Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче.

За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево

Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.

Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево

Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница.

Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона.

Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови.

Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер