Тони Цетински се огласи на ФБ откако прегази маж во Ровињ

Хрватската музичка ѕвезда, Тони Цетински до пријателите упати емотивна порака на Фејсбук.

По несреќата во која Цетински прегази 62 – годишен маж во тесна уличка во Ровињ, Цетински прв пат се обраќа до јавноста.

Тој напиша :,, Пријатели . Се борат за тебе. Те почитуваат . Те вклучуваат. Те храбрат.Им требаш. Те заслужуваат .Стојат покрај тебе. “

Според последните информации од истрагата, Цетински не бил под дејство на алкохол кога се случила несреќата.

Тој го прегазил човекот за кого се мисли дека лежел на улицата. Цетински не го видел, зашто имало остра кривина и кога почуствувал дека тркалата се заглавени, било предоцна .

Човекот, кој се занимавал со собирање и продавање шишиња бил татко на две болни деца .

Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина

„На Денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина“, напиша утринава украинскиот претседател Володомир Зеленски на мрежата Х.

Според Зеленски, над 50 ракети и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед утринава ја гаѓаа инфраструктурата во областите Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск.

„Сите неопходни служби веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор“, додаде тој.

„Цел свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, напиша Зеленски на мрежата Х.

Два часа Македонија гласа на вториот круг од претседателските и на парламентарни избори

Македонија два часа гласа на вториот круг од претседателските и на парламентарни избори.

Од седум часот се отворени гласачките места а граѓаните своето гласачко право ќе може да го исполнат до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав..

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Центар, а во моментов екипата е на избирачко место во ООУ Блаже Конески во Општина Аеродром. Таму е нашиот репортер Игор Манасиевски. По два часа гласање како тече изборниот процес?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.

Навреме отворени гласачките места во Липково и Старо Нагоричане

Навреме се отворени гласачките места во Липково и во Старо Нагоричане. Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

- Навреме отворени се сите места, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

- Навреме се отворени сите места, имаше незначителни технички проблеми кои веднаш се надминаа, изјави претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.

притисни ентер