МакедонијаТоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмотКандидатот за градоначалник на општина Пробиштип посочи дека програмата е сеопфатна и е сработена заедно со граѓаните.На вечерашниот мини-митинг во општина Пробиштип, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски кој истакна дека во Пробиштип е потребна промена после 8 години апатија и уништување на градот, потенцирајќи дека новиот правец во кој ќе се движи општината ќе биде развиен, вистински и долгорочен со реализација на многу проекти кои ќе донесат развој и напредок на Пробиштип. „Во првиот круг жителите на Пробиштип беа јасни, покажавте верба храброст и желба за промени, освоивме стабилно мнозинство во советот и сега сигурно со дигната глава одиме на уште поголема победа. Вие граѓаните ја препознавте програмата што значи работа, развој и сигурна иднина. Вие граѓаните го направивте вистинскиот избор за нашиот Пробиштип. Осум години стоевме во место, наместо да броиме нови индустриски погони, работни места, водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Затоа минатата недела Пробиштип испрати јасна порака, доста беше стагнација, уназадување и апатија, време е за нов правец, развиен, вистински, долгорочен“, рече Тоневски. Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип посочи дека програмата е сеопфатна и е сработена заедно со граѓаните, со нивни предлози и идеи, со што ќе се инвестира во секој дел од општината, со проекти за младите да останат во својот роден град како и инвестиции во областа на туризмот, спортот и индустријата. „Многу ми е важно нашиот град да има иднина, нашиот Пробиштип заслужува многу повеќе, ние не ветуваме чуда ние ветуваме само работа, ветуваме развој, ветуваме иднина. Во програмата се влезени вашите идеи, оваа програма е победничка, заедно ја пишувавме заедно ќе ја реализираме, ќе започнеме со нова урбанизација, нова населба за изградба на куќи и нова индустриска зона исклучиво за незагадувачка индустрија. Ќе создадеме услов за нови работни места и повисоки плати, нашиот фокус се младите, младите ќе имаат бесплатен канцелариски простор доколу сакаат да започнат сопствен бизнис и бесплатни проекти за типски куќи. Голем дел од младите ќе можат да ја градат својата кариера и во туристичката дејност затоа што инвестициите во Лесново и Пониква ќе бидат големи, ќе изградиме детско одморалиште на Пониква, ново одбојкарско игралиште, Пробиштип ќе добие и нов градски базен“, вели Тоневски. Тагови: Тоневски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СветНетанјаху и Ајзенкот ги почнаа преговорите за формирање влада на национално единствоИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив, каде што прво ќе добијат безбедносни информации, а потоа ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, објави денес Јашар. Партијата, исто така, изјави дека во исто време се одржува состанок меѓу претставници на Јашар и партијата Б'Јахад, предводена од Нафтали Бенет, објавува „Тајмс оф Израел“. Бенет, единствениот лидер на партијата во блокот на Ајзенкот кој се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, не се очекува на состанокот Јашар-Ликуд. Средбата следеше по вчерашното соопштение на Нетанјаху дека е подготвен, според договорот за ротација, да му ја предаде премиерската функција на Ајзенкот, а потоа да ја преземе функцијата втор премиер, по што Ајзенкот му даде на Ликуд 24 часа да постигне коалициски договор. Според израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху бара да остане премиер одреден, засега неопределен период пред да започне ротацијата, со цел да надгледува евентуален безбедносен инцидент поврзан со Иран. Ајзенкот, според овие извештаи, цврсто го отфрлил овој услов. Тагови: Бенјамин Нетанјаху Гади Ајзенкот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
ФудбалЗаврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себесиЖозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона. „Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој. Белингам го исклучи поради симулирање На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо. Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините. Крај на серијата од десет победи Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите. Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаБорозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на МицкоскиБајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година. Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа. Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата. Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%. Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство. Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити. Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите. Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот. Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат. Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување. Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее. Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000. Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook