Тонали сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали сака да се врати од Њукасл во Италија. Интерес за ангажман на Тонали пројавиле Милан, Интер и Јувентус. 

Њукасл во 2023 година плати 70 милиони евра за играчот од средниот ред, а набргу потоа тој отслужи 10-месечна забрана за обложување.

Според „La Gazzetta dello Sport“, 24-годишниот играч од средниот ред не е задоволен од својата позиција во клубот и сака да ја напушти Англија.

Оваа сезона Тонали има 13 натпревари во Премиер лигата и нема постигнато ниту еден гол.

Трансферот на Тонали од Милан во Њукасл чинеше 70 милиони евра. Платата на фудбалерот изнесува девет милиони евра по оданочување и оваа сума е пречка за потенцијалните преговори.

РКЕ во 2024 година издала 299 лиценци за нови капацитети за струја од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW, соопшти нејзиниот петседател Марко Бислимовски.

- Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната иницијатива реализраше енергетски инвестиции кои по вкупната моќност се нешто повеќе од еден блок од РЕК Битола. Иако станува збор за различен тип на енергија, едната е од обновливи извори и карактеристично е што е достапна кога има услови (сонце, ветер, вода), а другата е базна енергија, сепак овие бројки се значајни кога ќе се погледне големата сликата. Со инвестицискиот циклус кој е во континуитет три години (2022,2023 и 2024 година) достигнат е инсталиран капацитет од близу 880 MW, а резултат е зголемено домашно производство на струја, еднаква за задоволување на потребите на семејствата од Скопје, Гостивар, Велес, Битола, Дојран, Свети Никола, Охрид и Струмица или вкупно 285 илјади домаќинства, вели Бислимоски.

Во 2022 година издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 152,2 MW, додека во 2023 година со 399 MW, што пак влијаеше нето увозот на струја од претходните 30 % да се намали на рекордно историско ниво од 2,75 %, се посочува во соопштението од РКЕ.

ДУИ: Здравството е основа на секое праведно и напредно општество

Кога децата, најранливиот и највреден дел од нашето општество, се во ризик, мора да застанеме и да размислиме.

Фактот дека повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години треба да биде аларм за сите нас.

Секој од тие изгубени животи претставува предвремено прекината судбина и неизмерна болка за семејствата кои ги изгубиле своите најмили.

Јасно ни е дека постојат предизвици, но никој не може да прифати здравството да се деградира до таа мера што родителите влегуваат во болници со надеж, а излегуваат со скршени срца.

Ова не е прашање на партии или политика.

Ова е човечки повик.

Нашите деца заслужуваат најдобра грижа.

Семејствата заслужуваат сигурност и достоинство кога бараат медицинска помош.

Апелираме до Министерството за здравство и сите засегнати институции да преземат итни чекори.

Секој ресурс мора да се насочи таму каде што е најпотребен – во спасување животи и подобрување на условите за нашите најмлади пациенти.

Зашто ниту еден родител не треба да ја доживее болката од загубата на своето дете, и ниту едно дете не треба да ја изгуби својата шанса за живот.

Ова е момент кој бара размислување и акција, се наведува во партиското соопштение.

Совршено тркалезно јајце ќе биде продадено на хуманитарна аукција во Лондон

Совршено тркалезно кокошкино јајце пронајдено на фармата Фентон во Британија ќе се најде на аукција и се верува дека ќе биде продадено за повеќе од сто фунти.

Фармерката Алисон Грин пронашла совршено тркалезно јајце, за кое рекла дека е „едно во милијарда“, а парите што ќе ги добие за него на аукцијата, има намера да ги донира на организација за жртви на силување во Девон, пренесува Гардијан.

„Сите јајца се тркалаат на одреден начин, а ова како да застана. Тоа е нешто што никој друг го нема. И Елон Маск нема тркалезно јајце, нели? Се надевам дека ќе можам да го продадам за многу пари“, рече Грин.

Аукционерот Брајан Гудисон-Бланкс од Брнс Хемптон и Литлвуд рече дека луѓето купуваат совршено сферични кокошкини јајца за повеќе од 100 фунти, понекогаш и за 200 фунти.

Гардијан објави дека еден човек од Беркшир продал совршено тркалезно јајце на аукција минатиот месец за 200 фунти.

Совршено тркалезно кокошкино јајце било продадено за 480 фунти на eBay во 2015 година.

Речиси сите пари собрани од продажбата на совршено тркалезни јајца одат во добротворни цели, пишува The Guardian.

притисни ентер