3Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
ТехнологијаТомас Лауко, Главниот извршен директор на Publicis Groupe CEE ја носи глобалната АИ визија на самитот Macedonia 2026Еден од највлијателните гласови во глобалниот маркетинг, Томас Лауко, Главниот извршен директор на Publicis Groupe CEE, говорник на самитот Macedonia 2026. За првпат, Самитот Macedonia 2026 во организација на Македонија 2025, ќе му посака добредојде на Томас Лауко, Главен извршен директор на Publicis Groupe за Централна и Источна Европа (CEE), кој ќе биде дел од престижниот панел „Дигитална компетитивност: Вештачка интелигенција, податоци и индустриска трансформација“, што ќе се одржи на 13 мај во Скопје. Како еден од најважните и највлијателни гласови во маркетингот, технологијата и маркетинг трансформацијата во Централна и Источна Европа, првото појавување на Томас Лауко пред македонската публика со сигурност ќе биде една од најочекуваните работи на овогодинешниот самит. Томас Лауко поседува ретка комбинација од стратешка визија и оперативна длабочина, водејќи една од најмоќните комуникациски групации на пазарите во Централна и Источна Европа. Под негово водство, Publicis Groupe CEE постојано го надминува растот на индустријата кога се работи за имплементирање на иновации базирани на вештачка интелигенција, интегрирани платформи и оперативни модели базирани на податоци, а воедно има и голем удел во позиционирањето на регионот ЦИЕ како глобален центар за градење капацитети преку Центри за извонредност. Во своето излагање, Лауко ќе ја сподели со присутните неговата визија за тоа како вештачката интелигенција и податоците фундаментално ги реорганизираат индустриите и зошто идните лидери мора храбро да ја прифатат и интегрираат технологијата, со креативноста и стратегиите. Истакнувајќи дека неговото излагање нема да биде за иднината, туку за луѓето што веќе ја градат истата. „Навистина сум воодушевен што имам можност да ја донесам нашата глобална и регионална перспектива во Скопје и што ќе можам да разменам знаење и искуства со бизнис лидерите што ја обликуваат иднината на земјата и регионот. Кога се комбинираат имагинацијата, технологијата и податоците, не само што се трансформираат бизнисите, туку се трансформира и потенцијалот. Во Publicis Groupe, нашата филозофија „Power of One-Моќта на еден“ значи посветеност на интегрирано и заедничко размислување и функционирање на секое ниво и токму тоа е она што нашата канцеларија го Скопје го покажува секој ден – таа е место каде што локалната брилијантност се среќава со глобалната амбиција и каде што иднината на комуникациската индустрија веќе се пишува“, изјави Томас Лауко, Главен извршен директор на Publicis Groupe CEE. Самитот Macedonia 2026 е еден од престижните собири на бизнис, индустриски и политички лидери, посветени на унапредување на дискусијата за економскиот развој, иновациите и иднината на индустриите ширум Централна и Источна Европа. Томас Лауко доаѓа во Скопје во година кога Publicis Groupe Македонија слави јубилеј, 30 години на креативност, иновации и континуирана трансформација на бизнисите и локалната заедница. „Како компанија која е дел од поголемото семејство на Publicis, ние ја носиме глобалната визија на Publicis Groupe во Македонија, комбинирајќи ја глобалната “Power of One” култура со суштинско локално знаење, бидејќи локалното и глобалното знаење не се судираат, туку меѓусебно се надополнуваат. Во текот на изминатите три децении, не само што им помогнавме на брендовите да пораснат, туку и активно учествувавме во обликувањето на начинот на кој комуникацијата, креативноста и технологијата се спојуваат на македонскиот пазар. Овие триесет години нè потсетуваат дека смелите идеи, креативност и блиската соработка со клиентите, можат да ги трансформираат не само брендовите и бизнисите, туку и заедницата во која живееме. И навистина, не постои подобар начин да се одбележи овој јубилеј со тоа што ни се придружува нашиот глобален визионер Томас Лауко во Македонија. На овој начин создаваме можност со сите нас да сподели знаења, да инспирира дијалог и да помогне во обликувањато на иднината на нашата индустрија“, изјави Александра Дилевска, Главен извршен директор на Publicis Groupe Хрватска и Македонија. Publicis Groupe Македонија е една од најголемите и најнаградувани интегрирани комуникациски компании на пазарот и во регионот, која повеќе од 30 години претставува клучна сила во обликувањето на македонската маркетинг индустрија. Водена од пристапот Power of One, компанијата беспрекорно ја обединува експертизата на агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi, со повеќе од 80 таленти кои испорачуваат комуникациски решенија за различни индустрии. Publicis Groupe С. Македонија е дел од Publicis Groupe – глобален лидер во комуникациите, присутен во повеќе од 100 земји, со околу 114.000 вработени ширум светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманците никогаш не биле понезадоволни од својот канцелар, Мерц со рекордно ниска доверба Поддршката за германскиот канцелар Фридрих Мерц падна на најниско ниво досега. Дури 88 проценти од граѓаните се незадоволни од неговата работа, според најновото истражување на агенцијата Форса. Анкетата, спроведена од Форса за телевизиите RTL и ntv, открива дека само 11 проценти од испитаниците се задоволни од работата на лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU). Незадоволството со тоа се зголеми за два процентни поени во споредба со претходната недела. Ова е најниската оценка забележана за германски канцелар во историјата на овие мерења. Ова го надмина претходниот негативен рекорд од 23 проценти, кој во 2024 година го постави претходникот на Мерц, Олаф Шолц. Незадоволство се забележува и во рамките на неговиот конзервативен блок CDU/CSU, каде што 60 проценти од поддржувачите се незадоволни од работата на канцеларот, додека 39 проценти го поддржуваат. Меѓу гласачите на коалицискиот партнер, Социјалдемократската партија (SPD), незадоволството е уште поизразено. 86 проценти од нив се незадоволни, а само 13 проценти се задоволни. AfD сè уште е водечка партија Во исто време, рејтингот на партиите остана непроменет. Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) сè уште води со 26 проценти поддршка, пет процентни поени пред блокот CDU/CSU, кој има 21 процент. Зелените следат со 16 проценти, SPD со 13 проценти и Левицата со 11 проценти. Либералната FDP, со четири проценти поддршка, останува под изборниот праг од пет проценти за влез во парламентот.Тагови: канцелар Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветАмбасадорот Хакаби: Израел би можело да продолжи да добива годишно по 3,8 милијарди долари од САД Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, изрази сомнеж дека Вашингтон ќе ја прекине годишната воена помош за Израел од 3,8 милијарди долари до крајот на оваа година, како што објави претседателот Доналд Трамп на 3 ноември, објави Ројтерс.Во претходно снимено интервју емитувано денес на конференција за односите меѓу САД и Израел во Тел Авив, Хакаби рече дека долгорочниот договор за воена помош ќе трае уште две години, што го прави неизвесно дали финансирањето може нагло да се намали пред крајот на годината. Тој рече дека средствата се одобрени од Конгресот и изрази сомнеж дека тие можат да се намалат без согласност на законодавното тело. На 3 ноември, додека гласачите се упатуваа кон гласачките места за Конгресот, Трамп рече дека постигнал договор со идните израелски премиер Бенјамин Нетанјаху неколку месеци претходно за прекин на финансирањето од САД, тврдејќи дека на Израел повеќе не му е потребна помошта. Според долгорочниот договор, познат како Меморандум за разбирање, Соединетите Држави планираа да му обезбедат на Израел 3,8 милијарди долари годишно до 2028 година за купување воена опрема произведена во САД. Трамп не даде детали за тоа како ќе се намали финансирањето. Хакаби рече дека американските и израелските претставници работеле на нов меморандум со месеци, но не прецизираше дали разговорите се обновени по објавата на Трамп. Јавната поддршка за Израел во Соединетите Американски Држави се намали, особено меѓу демократите, но и меѓу републиканците, делумно поради начинот на кој Израел ја водеше војната во Газа и непопуларната војна против Иран што Трамп и Нетанјаху ја започнаа оваа година. Нетанјаху, кој го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, но останува премиер во технички капацитет, претходно јавно зборуваше за постепено укинување на воената помош на САД. Аналитичарите велат дека тој се обидувал да ги спречи растечките критики кон Израел во Соединетите Американски Држави. Хакаби изрази надеж дека нема да има „драматично, тектонско нарушување“ во односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека нивното партнерство им користи и на граѓаните на Соединетите Американски Држави и на Израел.Тагови: Израел САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЖивотПринцот Вилијам донесе шокантна одлука: Принцезата Шарлот да се откаже од кралската титулаПринцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив.Принцот Вилијам наводно планира да им дозволи на своите деца, принцезата Шарлот и принцот Луис, кога ќе пораснат, да одлучат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули или да се откажат од нив и да изберат животен пат што не е поврзан со кралските должности. Според британскиот „Дејли меил“, наследникот на британскиот престол сака да им даде на своите помлади деца слобода сами да одлучат што ќе прават и каков живот сакаат да водат. Според овој медиум, Шарлот, која има 11 години, и нејзиниот осумгодишен брат Луис наводно би можеле да се откажат од своите титули принц и принцеза, како и од титулите „Негово“ и „Нејзино Кралско Височество“ (НВВ) кога ќе пораснат. Таквата одлука би им отворила можност да изберат кариери и животи надвор од традиционалните очекувања што ги придружуваат членовите на кралското семејство. Особено внимание привлече тврдењата на изворите дека Шарлот веќе покажува интерес за уметноста и дека во иднина би сакала да се занимава со пеење или глума. „Таа е родена за сцената. Таа е прекрасна актерка и пејачка и токму тоа сака да биде кога ќе порасне“, рекол изворот, според „Дејли меил“. Истиот медиум, исто така, објавува дека принцезата би можела да биде заинтересирана да посетува интернат познат по образованието во сценските уметности. Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени. За потсетување, кралските обожаватели веќе имаа можност да ја видат музичката страна на Шарлот. Принцезата, заедно со нејзината мајка, принцезата од Велс, свиреа на пијано на отворањето на божиќната служба „Заедно за Божиќ“. Нивниот заеднички настап потоа привлече големо внимание од јавноста. Принцот Џорџ има поинаква иднина Додека Шарлот и Луис, според медиумските извештаи, би можеле да изберат дали сакаат да ги задржат своите кралски титули, иднината на нивниот постар брат, принцот Џорџ, веќе е одредена од неговата позиција во редот на наследување. Џорџ, кој има 13 години, е втор во редот за британскиот престол, веднаш зад својот татко, и се очекува еден ден да стане крал. Шарлот, од друга страна, има уште една традиционална улога поврзана со неа. Според кралскиот обичај, се очекува еден ден да ја наследи титулата Принцеза Ројал, која моментално ја држи принцезата Ана. Оваа титула ја доделува монархот, а Шарлот може да ја добие само кога нејзиниот татко ќе стане крал. Претставници на принцот и принцезата од Велс се контактирани во врска со овие обвинувања, но тие не сакаа да коментираат за нив, објавува „News24“. Затоа, во моментов нема официјална потврда дека Вилијам навистина планира да им понуди на своите деца можност да се откажат од своите титули. Кејт Мидлтон подготвува личен документарец за нејзиното искуство со ракот Во меѓувреме, принцезата од Велс најави нов документарец кој ќе се занимава со нејзиното лично искуство со дијагнозата и закрепнувањето од рак. Се очекува проектот, наречен „Исцели“, да го истражи животот по дијагнозата, како и начините на кои луѓето наоѓаат утеха, сила и надеж додека се справуваат со сериозна болест. Како што е наведено во соопштението, документарецот има за цел да им помогне на луѓето да се справат со нивната дијагноза, третман и живот по ракот, со посебен фокус на холистички пристап кон грижата, благосостојбата и квалитетот на животот. Средствата собрани од овој проект ќе бидат доделени на хуманитарната организација „Ројал Марсден“, која ја поддржува работата на истоимената онколошка институција. Документарниот филм, на тој начин, покрај личната приказна на принцезата од Велс, ќе има и хуманитарна цел.Тагови: Принцот Вилијам принцезата Шарлот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter