Том Круз сака да ја обнови врската со неодамна разведената Софија Вергара - Канал 5

Том Круз сака да ја обнови врската со неодамна разведената Софија Вергара

Том Круз, наводно, сака повторно да биде во врска со Софија Вергара по нејзиниот развод со сопругот Џо Манганиело.

Том Круз сака да ја обнови врската со неодамна разведената Софија Вергара

61-годишната актерска суперѕвезда, позната по бројните класични филмови, накратко ѝ се додворуваше на актерката во 2005 година, пред да се заљуби во Кејти Холмс. „Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе флерт, отколку вистинска романса“, изјави извор за британскиот магазин Heat.

„Наводно се дружеа во Холивуд Хилс и уживаа. Софија во тоа време навистина не давала никакви сигнали дека сака нешто долгорочно, па сѐ завршило спогодбено и тие останале пријатели“, тврди инсајдерот понатаму, според NY Post. Сепак, како што понатаму тврди изворот, на Круз отсекогаш му пречело тоа што „ја одбил Софија и ја избрал Кејти“.

InStyle минатата година објави дека на Круз му ја наместил Вергара неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографирале заедно само на еден состанок, а романсата наводно завршила набргу потоа.

Според Ендрју Мортон, кој ја напишал книгата Том Круз: Неовластена биографија, Вергара „била заслепена од насмевката на Том и се забавувала од плејадата телефонски повици, цвеќиња и чоколади што следеле по нивната прва средба“. Меѓутоа, како побожна католичка, Вергара набрзо почнала да се грижи дека Круз можеби ќе сака да ја преобрати во скиентологија.

„Наскоро станало јасно дека таа оди на аудиција за најголемата улога во нејзиниот живот - госпоѓа Круз“, напиша Мортон. „Ми беше јасно дека ако ја прифати улогата, ќе мора да се откаже од својата католичка вера и да се преобрати во скиентологијата“, додаде тој, истакнувајќи дека Вергара е „преплашена од скиентологијата“.

Според Мортон, таа искрено верувала дека Бог ќе ја погоди и ќе изгори во пеколот ако се приклучи. Романсата потоа завршила. Набргу потоа, Круз почнал да се забавува со Холмс во април 2005 година. Двојката се венчала и следната година ја добиле ќерката Сури. Сепак, тие се разведоа во 2012 година.

Вергара се омажи за актерот Џо Манганиело во 2015 година, а минатиот месец ги шокираа обожавателите со објавата дека се разделуваат. Актерите објавија ексклузивна заедничка изјава за Page Six, велејќи дека ја „донеле тешката одлука да се разведат“.

„Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент“, напишаа тие. Манганиело поднесе барање за развод од Вергара, наведувајќи ги непомирливите разлики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите!

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион.

Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме.

Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома.

среда

ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6

Феенорд - Комо 3:2

Бетис - Порто 3:2

Рома - Реал Мадрид 3:4

Астон Вила - Фенербахче 6:0

Боде Глимт - Борусија Дортмунд

Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4

Шахтјор - АЕК 3:1

Слован Братислава - Штутгарт 0:3

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле.

Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон.

Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер.

Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Обилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. 

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк.

Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих.

Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај.

Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата.

Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила.

Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум.

Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар.

Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри.

Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот.

Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер