Том Брејди, наводно, упатил скриена, но јавна порака до Жизел Бундшен - Канал 5

Том Брејди, наводно, упатил скриена, но јавна порака до Жизел Бундшен

По интервјуто на неговата поранешна сопруга, Бразилката Жизел Бундшен, каде што таа зборува за нивниот развод, случајно или не, американската рагби-ѕвезда Том Брејди на својот Инстаграм-профил сподели цитат во којшто се говори за предавство.

Том Брејди, наводно, упатил скриена, но јавна порака до Жизел Бундшен

„Што е успех? Да се ​​смееш често, и многу. Да се ​​здобиеш со почит од интелигентните луѓе и наклонетост на децата. Да ја заслужиш почитта на искрените критичари и да го преживееш предавството на лажните пријатели. Да ја цениш убавината, да го најдеш најдоброто во другите, да го направиш светот малку подобро место. Да знаеш дека еден живот е подобар поради тебе. Тоа е успех“, гласи објавата со зборовите на писателот Ралф Валдо Емерсон.

Жизел во гостувањето за списанието „Венити фер“ (Vanity Fair), меѓу другото, ги отфрли гласините дека „му дала ултиматум“ на Брејди за да се пензионира од спортот.

Том Брејди сѐ уште официјално не се изјаснил по интервјуто. Во тој разговор манекенката објасни како дошло до разделба - двајцата сакале различни нешта и рече дека таа не е причината поради којашто Брејди ја напуштил спортската кариера. Претходно таа изјавуваше дека секогаш ќе го поддржува.

Познатиот пар се разведе во октомври лани, по 13 години в брак. Заедно го имаат 13-годишниот син Бенџамин и 10-годишната ќерка Вивијан./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседател

Парламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.

Политички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседател

Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август.

Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс.

Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме.

На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле.

До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

Околу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа.

Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади.

Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор.

По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни.

Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии.

„Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер