Тојота Венза се враќа на пазарот ова лето

Тојота после пет години го враќа на американскиот пазар моделот Венза кој овој пат ќе биде достапен само во хибриден погон.

Тојотна Венза за 2021 е во суштина преработена Тојота Хариер која се продава на јапонскиот пазар.

Автомобилот има елегантни линии на надворешноста и луксузно опремена внатрешност, со изобилие на кожни материјали, како на седиштата, така и на командната табла и панелите на вратите.

За погон ќе се користи хибриден систем кој се состои од 2.5 литарски бензински мотор, три електромотори и литиум јонска батерија сместена под задните седишта.

Вкупната комбинирана сила на хибридниот систем изнесува 222 коњски сили.

Новата Тојота Венза во американските продажни салони ќе пристигне ова лето.

Цената не е соопштена, а би требало да биде помеѓу 28.000 и 40.000 долари, додека богато епремената Ценза Лимитед би достигнувала цена од преку 45.000 долари.

притисни ентер