Тојота работи на автомобил на соларен погон - Канал 5

Тојота работи на автомобил на соларен погон

Јапонскиот произведувач експериментира со хибридниот модел Приус на соларен погон кој би ја анулирал потребата на електричните автомобили за полнење на посебни станици, а инспирацијата ја нашле во новите и тенки соларни панели.

Тојота работи на автомобил на соларен погон

Во проектот кој е финансиран од јапонската влада, инженерите на Тојота поставиле соларни панели на хаубата, кровот, задното стакло и бочните елементи од каросеријата како би утврдиле колку струја можат да произведат од сончевите зраци.

Струјата од соларните панели оди директно во погонските батерии, што значи дека автомобилот може да се полни и во движење и паркиран. ЗА време на сончевите денови, панелите можат да произведат доволно струја за автономно возење од 56 километри.

Резултатите се значително полоши во случај на облачно време. Во таков случај автомобилот ќе мора да застанува и да се полни на електричен полнач.

Самите соларни ќелии се многу тенки, се на се 0,03 милиметри, што значи дека се доволно еластични за да се прилагодат на каросеријата на автомобилот. Инженерите морале да формираат изолациона зона помеѓу стаклото односно каросеријата и панелите како би ги заштитиле, така да дебелината на соларните модули всушност е еден центиметар.

Во багажникот на експерименталниот автомобил се наоѓаат батерии за соларните панели, со кои тежината на возилото се зголемува за околу 80 килограми. Најголем предизвик е намалувањето на тежината на батериите, тоа со себе носи и огромни трошоци, вели водечкиот инженер на проектот Сатоши Шизуку, додавајќи дека моделот најверојатно ќе биде комерцијален за неколку години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седмиот ден од протестите во Тирана кулминираше со напад врз Апелациониот суд

Седмиот ден од протестите во Тирана повторно ескалираше со судири меѓу демонстрантите и полицијата, што кулминираше со напад врз Апелациониот суд во главниот град на Албанија .

Седмиот ден од протестите во Тирана кулминираше со напад врз Апелациониот суд

Маскирани лица упаднале во зградата, кршеле врати и прозорци со тврди предмети, а некои успеале да влезат и во внатрешноста, каде што во тој момент биле присутни и вработени.

По нападот, полицијата интервенираше за да ги растера демонстрантите, бркајќи ги низ улиците на главниот град.. Собирот започна со песни и ора, исто како и претходниот ден, а имаше и повици „соблечете ги униформите“ упатени до полицајците.

Тензиите ескалираа кога врз полицајците беа фрлени камења и канистри. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите и да ги отстрани од областа во близина на министерството за образование.

Пред почетокот на собирот, реагираше и премиерот на Албанија Еди Рама, повикувајќи на „безусловен“ дијалог и барајќи дистанцирање од насилство.Од друга страна, лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ја изјави поддршката на опозицијата за протестот и го повтори барањето за оставка на владата.Протестот не беше ограничен само на Тирана. Митинзи и маршеви беа одржани и во други градови, додека во Курбин беа пријавени судири и фрлање молотови коктели кон зградата на градското собрание, каде што беа предизвикани пожари на влезот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

Државните медиуми на Северна Кореја објавија нови фотографии од лидерот Ким Џонг Ун, откако на интернет се проширија непотврдени извештаи за неговата смрт. 

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на власта во оваа изолирана земја, пренесува „Тајмс оф Индија“ (Times of India).

Севернокорејската новинска агенција КЦНА (KCNA) објави дека Ким ја посетил изложбата во понеделникот. Автентичноста на фотографиите не е независно потврдена, а не е познато ниту точно кога се направени.

Шпекулациите беа поттикнати од серија објави на Ванџун Сје, кинески дисидент кој живее во САД и е поврзан со Кинеската демократска партија. На социјалната мрежа X, тој тврди дека Ким е мртов и дека власта ја презела неговата сестра, Ким Јо-џонг.

„Гласините за смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун кружат на интернет веќе неколку дена, но тој се уште не се појавил во јавноста за да ги демантира. Ова индиректно потврдува дека гласините за неговата смрт веројатно се точни“, напиша Сје во понеделникот.

Тој додаде дека, по смртта на Ким, власта не преминала кај неговата ќерка, Ким Џу-ае, туку моментално ја држи неговата сестра, Ким Јо-џонг.

„Откако ја презеде власта, Ким Јо-џонг веднаш ги активираше звучниците насочени кон Јужна Кореја и испука 201 предупредувачки истрел. Таа, исто така, ја предупреди Јужна Кореја дека Северна Кореја размислува за целосно унапредување на своите капацитети за тактички напади“, се наведува во објавата.

Сје смета дека оваа ескалација на закани има за цел да ја зајакне нејзината контрола врз војската. „Ова индиректно ги потврдува гласините дека Ким Џонг-ун е мртов и дека Ким Јо-џонг моментално управува со режимот; овие гласини веројатно се вистинити.“

„Њујорк пост“ пренесува дека тврдењата на Сје станаа вирални во неделата; сепак, не постојат медицински податоци, сведоци по име или други независно проверливи докази кои би ги поткрепиле.

Во втора објава, Кси тврди дека Ким претрпел тешко мозочно крварење, паднал во кома и бил пренесен во Пекинг на итно лекување. Тој напиша дека тим од експерти од болницата „Пекинг Јунион“ отпатувал во Северна Кореја пред Ким да биде однесен во Кина.

„Иако тим од медицински експерти од болницата ’Пекинг Јунион‘ беше испратен во Северна Кореја за да помогне во лекувањето, лошите медицински услови во земјата ги принудија да го префрлат во Пекинг. На крајот, поради сериозноста на неговата состојба и фактот што оптималниот период за лекување веќе беше поминат, Ким Џонг Ун им подлегна на повредите и почина“, изјави Сје. Тој тврди дека неговото тело тајно било вратено во Северна Кореја и дека веста за неговата смрт се крие. Сје исто така наведе дека властите ја кријат смртта и дека кинески војници се распоредени во Пјонгјанг поради страв од криза при наследувањето на власта.

Неговите објави поттикнаа и шпекулации за борба за власт помеѓу ќерката на Ким, Ким Џу-ае, и неговата сестра, Ким Јо Џонг. Тој тврди дека Кина испратила 9.000 војници во Пјонгјанг за да помогнат во стабилизирање на ситуацијата. Сите тврдења во врска со смртта на Ким, распоредувањето на кинески војници и кризата при наследувањето на власта остануваат непотврдени. Севернокорејските власти не се огласија директно по повод овие наводи.

Здравјето на севернокорејскиот лидер долго време е предмет на меѓународни шпекулации. На 30 септември, Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја ги информираше пратениците дека Ким тежи околу 140 килограми и дека, поради дебелината, е изложен на зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, пренесува „Њујорк пост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно сончево со температура до 26 степени

Претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Претежно сончево со температура до 26 степени

-1 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, 6 Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 7 Крушево, 8 Виница.

Според УХМР времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер