Тој има 97 години и е добитник на Нобелова награда за хемија

Џон Гудинаф е најстариот човек добитник на оваа престижна награда.

Нобеловата награда за хемија оваа година е доделена на Џон Б.Гудинаф, Стенли Витингем и Акири Јошино за развој на литиум- јонски батерии.

Гудинаф (97) е најстариот човек до сега кој добил Нобелова награда. Литиум- јонските се првите навистина лесни батерии кои го отвориле патот за преносна електроника, како мобилни телефони, пејсмејкери и електрични автомобили.

Во раните седумдесетти, Стенли Вингем ја развил првата функционална литиумска батерија.

Џон Гудинаф го дуплирал потенцијалот на литиумската батерија, создавајќи услови за значително посилна и покорисна батерија.

Акира Јошино успеал да го елиминира чистиот литиум од батеријата, правејќи ја попрактична.

Последно одбројување до изборите, дел од граѓаните ќе чекаат до фотофиниш за кого ќе гласаат

Пулсирање во предизборен такт – Македонија одбројува ситно до изборите на 15-ти јули.

Лепезата од проекти, стискање палци на политичарите кои ветуваат подобро утре „зачинета“ со грубо оцрнување на противникот нема да испишмани некои граѓани кои веќе знаат кому ќе го дадат својот глас. Некои, пак, в среда ќе останат дома бидејќи не веруваат никому.

„Одамна веќе знам. Не ми треба ни пропаганда ни говори, си знам за која партија.“

„Многу груба, потценувачка и заблудувачка. Јас би им забранил рекламирања. Не гласам за никого.“

Има и такви кои одлучиле кој број ќе го заокружат на гласачкото ливче - но ниту од тој избор не очекуваат суштински промени.

„Имам одлучено, да.“

–Што очекувате од вашиот избор доколку евентуално победи на изборите?

Вака како што си било така ќе си биде, туку како викаат: Мати вода да не биде бистра.“

Повеќето граѓани се запознаени со програмите на партиите, но не се изненадени од понудата. Велат, тешко дека нешто е остварливо. Дел не знаат и не се заинтересирани за понудата.

„Ракети, авиони, опсерватории.. Со кои пари тоа ќе го направат?“

„Еве ВМРО кажува дека треба да се обединат Македонците ако сакаме да опстанеме, тоа е голем проект.“ Овие кражби, овие измами, овие судови..Ветил Заев дека ќе правел ветинг.“

„Не се занимавам со тие работи, лажат и двете партии.“

Кампањата ваква каква што е не е доволна да ги заинтигрира неопределните, велат експертите по односи со јавност и медиуми. Според Бојан Кордалов, партиите изгубиле премногу енергија за да го оцрнат противникот па затоа проектите и ветувањата тешко допираат до гласачкото тело.

„Не се први избори во кои што партиите вложуваат многу повеќе напори да го оцрнат противникот и тоа многу често е така заради тоа што им се чини многу поедноставно, поопортуно и поисплатливо. Меѓутоа ако се вратиме наназад, буквално децении, ќе видиме дека она што граѓаните го паметат од секои избори, она што ги мотивира да гласаат се секогаш заложбите и ветувањата кои што се реални и остварливи и ги прават да поверуваат во ветувањата на одредена политичка партија.“, вели Бојан Кордалов .

Кампањата ќе трае уште викендов. Во недела на полноќ стапува предизборниот молк. Први кои ќе го отворат изборниот циклус в понеделник ќе бидат болните од КОВИД-19 и лицата во самоизолација.

Заев на средба со холандскиот амбасадор Јан Коп

Примарен фокус на новата Влада предводена од СДСМ ќе бидат правдата и владеење на правото

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска се сретна со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за процесот на подготовка на изборниот процес за парламентарните избори закажани за 15 јули, процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, како и состојбата со коронавирусот.

Претседателот Заев посочи дека државата досега покажа напредок во процесот на организирање избори во последните три години и затоа со право очекува изборите на 15 јули да бидат фер, слободни и по сите меѓународни стандарди, а од друга страна институциите ги преземаат сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните при процесот на гласање.

Пред амбасадорот, претседателот Заев ги претстави и приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ, по победата на изборите на 15 јули, додавајќи дека правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ.

„Почетокот на преговорите со Унијата го очекуваме до крајот на годината, за време на германското претседателство и затоа бараме поддршка и од Холандија и од сите земји членки на ЕУ. Во следниот мандат продолжуваме уште повеќе да вложуваме во закрепнување на економијата и зајакнување на здравствениот систем – основните предуслови за успешно справување со последиците од коронавирусот. На тој начин обезбедуваме континуитет на досегашните успеси. Продолжуваме да градиме стабилна држава која продолжува на патот кон членство во ЕУ", порача Заев.

20-годишно момче излечено од енцефалит, предизвикан од ковид-19

20 годишен пациент од болницата „8-ми септември“ по две недели боледување, денеска ја напушти болницата.

Тој е еден од шесте пациенти во светот кој Ковид 19 му направил тешко воспаление на мозокот и ја добил битката со опасниот вирус. Момчето дошло во болницата со невообичаена клиничка слика за Ковид 19.

Момчето било лекувано со терапија која била спроведена во консултација со болници од странство каде имале ваков случај. На последниот преглед се покажало дека состојбата е одлична.

На невролошкото одделение каде се лекувало момчето битката не ја добија тројца пациенти кои со состојба на мозочен удар имале и ковид 19. Инаку денеска во болницата се примени нови девет пациенти, десет пациенти заминале, а починале двајца. На респиратор се четворица пациенти, а исто толку успешно го поминаа процесот на одржување на респиратор. Во оваа болница вкупно осум луѓе се симнати на респиратор од почетокот на пандемијата.

притисни ентер