Тој има 21, а таа 60 години и се свршени и покрај осудата од семејствата

60-годишната Пам Шастин од Тулса, во американаската држава Оклахома, вели дека пријателите ја отфрлиле откако се свршила со 39 години помлад маж.

Пам, која има и внука, се заљубила во 21-годишниот Џонатан Лангевин, кого го запозналала преку апликација за пронаоѓање партнери. Таа открила за Дејли Меил дека нејзините пријатели и рекле дека Џонатан „може да биде нејзин внук“ и дека “и треба терапија.

„Сè уште не можам да верувам дека моите пријатели со кои се дружев повеќе од 30 години не можат да бидат среќни поради мене затоа што Џонатан има 21 година. Тој е љубовта на мојот живот и не ми е грижа што мислат другите“, вели Пам.

Тие се запознале пред две години преку апликација за парови, а Пам, која има три ќерки во триесеттите години и една внука, се плашела дека таа е премногу стара за него.

„Тој брзо ми призна дека секогаш сакал да биде со постара жена“, рече таа, објаснувајќи дека наскоро почнале да се слушаат секој ден. "Кога го запознав во живо, тој беше уште поубав отколку на сликата. Се прегрнавме и страсно се бакнувавме. Тоа беше љубов на прв поглед".

Уште следната вечер тие спиеле заедно, а Пем била воодушевена од сексот.

"Спиевме заедно и беше прекрасно. Спиевме многу малку таа ноќ. Џонатан може да биде неколку децении помлад од мене, но тој не е неискусен. Тој знаеше што прави. Не се разделивме следните неколку дена. Веднаш се заљубив", рече таа.

Џонатан тогаш живеел на каучот кај еден пријател во Минесота, 900 милји далеку, и брзо се преселил кај неа.

Тој вели дека нејзините ќерки добро го прифатиле, и кога ги запознала неговите родители, тие не биле изненадени затоа што знаеле дека тој сака постари жени.

Само нејзините пријатели не ја сакале нивната врска, па Пем престанала да се дружи со нив.

Во мај 2018 година, Џонатан и предложил брак по само три месеци заедно.

"Бев пресреќна. Знам дека беше брзо, но само што наполнив 60 години и сакав да го живеам животот. И покрај тоа што изгубив пријатели, јас сум посреќна од кога било порано", заклучи таа.

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра

Од целосно заборавени, домашните претпријатија  ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката

Се радувам што граѓаните и луѓето од бизнис заедницата се искрени и отворени. Разговараме без задршка, без страв, тоа е придобивка од слободата. Сакаме да создаваме партнерства во градењето на европската иднина. Ќе останеме заедно и заедно ќе ги решаваме предизвиците кои што нема да бидат ниту малку ниту лесни. Европската агенда е напорна, бара вклученост на сите, но тоа е најдобриот и најефикасниот начин секој ден работите да ги подобруваме, за да ги достигнеме европските стандарди, рече Лукаревска, носителката во ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија пред новинарите во Кочани.

-И до сега многу работевме за да бидеме конкурентни. Многу вложивме во зајакнувањето на домашните компании. Од целосно заборавени, без никаква финансиска поддршка, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. Ќе продолжиме и во следните четири години, зашто тоа е важно и за компаниите и за сигурноста на вработените. Во наредниот мандат домашните компании ќе ги подржиме со 180 милиони евра. Поддршката ќе биде дуплирана. Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра.

Лукаревска истакна дека дел од овие средства ќе бидат вложени и во праведна енергетска транзиција и енергетска независност.

-Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70%. Со тоа државата ќе постигне енергетска независност, и самостојно ќе задоволува 100% од сопствените потреби за струја. И тоа главно од гас и од чисти и обновливи извори. Рековме НЕ за малите хидроцентрали и за сите фосилни технологии кои ни ги загадуваат воздухот и почвата.

Сето ова е продолжување на нашата досегашна работа, зашто тоа е важно за стабилноста и за нашата европска иднина.

Не се откажуваме, ќе го задржиме континуитетот, зашто немаме време за губење. Важни се овие избори за да ја славиме победата за европска Македонија, рече Лукаревска во Кочани.

Сања Лукаревска, носител во ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Кочани

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

Почина човекот кој вчера се самозапали пред судот во Менхетен, каде што се води судски процес против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Мажот, идентификуван како Максвел Азарело (37) од Флорида, починал во болница од здобиените повреди, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Тој вчера пред судот се полил со течност и се запалил, а претходно во околниот парк делел памфлети со теории на заговор.

Поранешниот претседател Трамп бил во судската палата, но си заминал во моментот на инцидентот.

Според сознанијата на полицијата, Азарело пристигнал во Њујорк од Флорида минатата недела. Тој немал криминално досие, а неговото семејство во Флорида не знаело дека отпатувал во Њујорк.

Засилено е обезбедувањето на просторото околу судот, а поставени се и барикади. На противниците и на приврзаниците на Трамп им е дозволено да се соберат на демонстрации во блискиот парк, но досега поголеми собири нема. /МИА

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства

Ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка.

„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.

„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.

Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.

„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.

притисни ентер