Тодор Кулаков обвинува за криминален правен инжењеринг од страна на Васил Јованов - Канал 5

Тодор Кулаков обвинува за криминален правен инжењеринг од страна на Васил Јованов

Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, денеска беше спроведен на седница во Апелациониот суд во Скопје. 

Тодор Кулаков обвинува за криминален правен инжењеринг од страна на Васил Јованов

Овојпат, не поради сообраќајната несреќа, туку по друго, претходно обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства.

Со реакција на социјалните мрежи се огласи таткото на Фросина, Тодор Кулаков.

„Наркодилерот и ладнокрвниот убиец Васо со еден адвокат ја урива на Врховен суд пресудата од 4 години за трговија со дрога а намерно и со цел да го доведат судот во заблуда со друг адвокат настапува во предметот за убиството на детето ангел Фросинче !!!!!!!!!

За вакви намерни манипулации односно криминален правен инжењеринг за кој предупредував и посочував јавно.

- Во нормална држава тешка кривична одговорност за доведување на судот во заблуда ќе добиеа и двајцата адвокати на Васо и мајка му и татко му кои постојано и постојано се докажуваат дека и тие подеднакво се дел од ова тешко криминално подземје !!!!!!!!!“- се вели во реакцијата.

Инаку станува збор за постапка што се води пред повисока судска инстанца, каде Обвинителството поднсе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. На денешната јавна седница во Апелација, присутни беше и неговиот бранител, кој се противи на повисока казна за неговиот клиент.

Страната на Обвинителството и строгата казна ќе ја брани вишата обвинителка Фатиме Фетаи.

Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога.

За ова дело, Јованов беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци. Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани.

Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце.

Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла.

Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“.

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. 

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

Законот да важи за сите.

Нека се врати законот во Собранието.

Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока.

СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение:

• Да важи за пратениците од актуелниот состав.

• Да важи за министрите и сите владини функционери.

• Да важи за директорите на јавните претпријатија.

• Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија.

Нема место за двојни стандарди.

Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат.

Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена.

СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП.

Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси.

Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија.

Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас.

За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи.

Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму.

За сите останати - мора да важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер