Тодор Конески, Петар Огњеновиќ, Мила Петрушевска и Андреј Куцуловски во „Само вистини“ - Канал 5

Тодор Конески, Петар Огњеновиќ, Мила Петрушевска и Андреј Куцуловски во „Само вистини“

Почитувани, вечерва во Само Вистини со Видиновски ќе дебатираат Тодор Конески, Петар Огњеновиќ, Мила Петрушевска и Андреј Куцуловски..

Тодор Конески, Петар Огњеновиќ, Мила Петрушевска и Андреј Куцуловски во „Само вистини“

Која е визијата на младите за Македонија?

Што е тоа што може да го научат од своите претходници како треба и како не треба да се грижиме за државата?

Како да се промени системот, ако не почнеме од нас самите?

Во која насока оди европската иднина на Македонија и како младите гледаат на европските интреграции?

Александар Видиновски со Тодор Конески, Петар Огњеновиќ, Мила Петрушевска и Андреј Куцуловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Подобро е да се донесе нешто, отколку да не се донесе ништо, оцени лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо

Тој даде одговор на новинарско прашање дали може да се очекува скоешно усвојување на нов Изборен законик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер