3Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
Шоу бизТоа беа седумдесеттите: Познатиот комичар бил љубовник на БрандоВдовицата на холивудскиот комичар Ричард Прајор ги потврди информации кои ги изнесе џез музичарот и музичкиот продуцент Квинси Џонс, дека нејзиниот покоен сопруг и легендарен актер Марлон Брандо биле љубовници во текот на седумдесеттите години на минатиот век. Џонс нивната афера ја откри во интервју за веб-магазинот „Vulture”, во кое го спомна Брандо и неговите сексуални апетити. „Брандо често играше ча-ча-ча со нас. Можеше да игра до бесвест. Тој беше најшармантната личност која некогаш сум ја запознал“ – изјави тој. „Тој би спиел со сите. Со буквално сите. Би имал секс и со поштенско сандаче. Џемјс Болдвин. Ричард Прајор. Марвин Геј. Не му беше важно. Му беше сеедно“ – изјави тој. Џенифер Ли Прајор, вдовицата на актерот и стенд-ап комичарот, за TMZ изјави дека нејзиниот сопруг, кој не криел дека е бисексуалец, спиел со Брандо, како и тоа дека целосно би полудел доколку нивната врска тогаш била обелоденета. „Тоа беа седумдесеттите! Дрогата се уште беше добра, посебно квалуд. Доколку земевте доволно кокаин тогаш ќе имавте секс и со радијатор, и уште би му испратиле и цвеќе наредното утро“ – изјави таа. Комичарот, според нејзините тврдења, за своите сексуални врски пишувал во своите дневници, за кои се надева дека ќе бидат објавени во текот на оваа година. Ричард Прајор, кој почина во 2005 година, се женел седум пати со пет различни жени. Тој и Џенифер Ли Прајор се развеле после година дена брак во 1982 година, за повторно да се венчаат во 2001 година и да останат заедно се до неговата смрт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава34 издание на „Турнир на медиуми“„34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето“.Во Скопје од 7 до 9 октомври се одржува 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми“, која и годинава ги обединува новинарите, спортистите, тренерите, медиумските работници и јавните личности од Македонија и регионот. На манифестацијата учествуваат гости од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а централниот ден е 8 октомври, кога програмата ќе понуди три содржински целини – знаење, спорт и дружење. Во 11:00 часот во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи панел-дискусијата „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, на која ќе се говори за примената на AI во спортската анализа, тренингот, здравјето и донесувањето одлуки, но и за улогата на човечката проценка, етиката и фер-плејот. Панелисти се проф. д-р Орце Симов, проф. д-р Влатко Неделковски, проф. д-р Маре Србиновска и тренерот Горазд Михајлов, со видеообраќање на академик проф. д-р Изет Раѓо од Сараево. Од 13:30 часот на игралиштето на ФК Аеродром во Реонски центар Ново Лисиче следува ревијалниот спортски дел, со фудбал, пенали, гол-на-гол и други забавни натпреварувачки формати, во мешани екипи составени од новинари, спортисти, ветерани, жени и јавни личности. Манифестацијата ќе заврши со заедничко дружење на сите учесници, со што повторно ќе се потврди нејзината основна идеја – поврзување на луѓето преку спортот, медиумите, науката, културата и јавниот живот. По 34 години, „Турнирот на медиуми“ продолжува да ја гради традицијата, но и да ја проширува својата мисија. „Фудбалот беше причината да се сретнеме, но луѓето беа причината повторно да се видиме. 34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилностиНа 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила .На 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници. При спроведените контроли контролирани се вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности. Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б. Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ бара одговорност, три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички Три цели недели пациентите чекаат, оставени сами на себе. Ама болеста не чека.Ова е хаос којшто го направи Клековски. Тотален распад на јавното здравство под оваа криминална власт. Зад секој одложен преглед стои човек што чека дијагноза. Семејство што стравува. Пациент што не знае кога ќе почне да се лекува. Клековски нека излезе веднаш пред пациентите и нека одговори: зошто три недели нема решение? Каде се упатуваат итните случаи? Колку прегледи се одложени? Како е можно да не се лекуваат пацинетите? Здравството, клниките не се партиски плен. За здравјето на луѓето се работи. Не може само криминални тендери да им биде во фокусот. Не може за тендери да има а за томографи да нема пари. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат преглед и лекување, а не затворени врати и префрлање одговорност. Исто како во Гостивар, 5.000 луѓе беа отруени, одговорност нема. Граѓаните со најскапото нешто ја плаќаат цената за катасторфалните политики на оваа арамиска, криминална власт. Доста со арамиски работи. СДСМ бара веднаш да се стават во функција сите томографи за да може да продолжат прегледите. Бараме точен рок за ставање на томографите во функција и утврдување на одговорност. Од Министерот Клековски па се до раководството на клинички. Прес конференција на СДСМ, Елена Радеска, член на Комисија за здравство СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00