Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
2Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
МакедонијаТитулата на ФК Вардар засенета од скандалозно и навредливо пеење, лавина реакции во јавноста за вулгарната навивачка песнаОд шампионска еуфорија – до јавен скандал. Прославата на титулата на ФК Вардар предизвика лавина реакции во јавноста, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како фудбалерите и членови на клубот пејат вугларна навивачка песна, во која се споменуваат пејачката Каролина Гочева и градот Битола..Случајот веќе отвори реакции од институциите, спортската јавност и политичките партии. Од Обвинителството за Канал 5 велат дека дека соодветно ќе постапат доколку МВР го документира случајот и им достави пријава.. -Законот предвидува граѓанска одговорност за клевета и навреда, но доколку институциите надлежни за откривање кривични дела документираат и поднесат пријава за дествија со кои се исполнети елементи на кривично дело, Обвинителството ќе постави и ќе го провери настанот. – велат од Обвинителството Од МВР пак информираат дека за сега нема официјална пријава за настанот, но дека преземаат соодветни мерки за видеата споделени на социјалните мрежи. Во меѓувреме, Дицсиплински инспектор од ФФМ отори постапка против клубот, додека од Министерството за спорт и министерот остро го осудија слуајот и побараа јавно извинување од фудбалерите. Најавија дека доколку во иднина се повторат вакви случаи, ќе најдат начин соодветно да ги сакнционираат. По бурните реакции во јавноста, извршниот директор на клубот Миленко Неделковски пак, во објава на социјалните мрежи вулгарната содржина ја нарече „станадрна навивачка песна“ . Иако се извини на Гочева, не запре со навредите, кои овојпат беа упатени кон политичарка. Од партијата ЗНАМ побараа раководството на клубот да се огради од како што велат, токсични поединци кои му нанесуваат непроценлива штета.. -Не сакајќи ниту да го споменеме неговото име, бидејќи тоа не го заслужува, сакаме јасно да го осудиме неговиот личен промискуитет и ароганција, кои кулминираа со мизогин и сексистички напад врз г-ѓа Весна Бендевска. Ваквиот примитивен говор не е само лична срамота, туку е директен атак врз достоинството на секоја жена и труење на јавниот простор со омраза. – реагираат од ЗНАМ Лидерот на СДСМ Венко Филипче, прославата и реакциите на директорот на клубот ги нарече срамни. Според него говорот на омраза бил дозволен и толериран од владејачката партија. - Ќе реагира ли владата, ќе го осуди ли како што ние го осудуваме? Не само тој говор на омраза кој што се шири од тој човек, има листа на луѓе кои што се платени од оваа банда да креираат поделби, да оцрнуваат луѓе и да шират говор на ормаза, тоа не е нешто ново. - Венко Филиче – СДСМ Скандалозната прослава се случи пред 2 дена, во кафеана во Струга, кога ФК Вардар го совлада ФК Струга, а со тоа ја обезбеди шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook