Тирана трета вечер под солзавец и водени топови, се бара оставка од Рама (ВИДЕО) - Канал 5

Тирана трета вечер под солзавец и водени топови, се бара оставка од Рама (ВИДЕО)

Албанската полиција употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Тирана трета вечер под солзавец и водени топови, се бара оставка од Рама (ВИДЕО)

Тие се собираат во центарот на Тирана трета вечер по ред во знак на протест против полициската бруталност.

Албанските медиуми наведуваат дека на почетокот на протестот полицијата уапсила неколку млади момчиња кои фрлале камења и шишиња кон специјалните единици.

Првиот судир меѓу полицијата и демонстрантите се случил пред зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, во чие обраќање била испратена остра критика кон демонстрантите.

Центарот на Тирана е обезбедуван од околу 1.500 полицајци.

YouTube video

Демонстрантите и полицијата се судрија во центарот на Тирана во три наврати откако полицаец го уби младиот Клодијан Раша откако тој не одговорил на повиците да застане поради кршење на полицискиот час.

И покрај забраната за јавни собири наметнати поради пандемијата на корона, стотици демонстранти се собраа пред зградата на владата во Тирана, фрлајќи камења, факели и петарди кон полицајците. Полицијата одговори со солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Протестите, кои избија денеска и во другите албански градови, следеа откако полицаецот Невалдо Хајдарај во раните утрински часови во вторникот пукал и го убил 25-годишниот Клодијан Раша, бидејќи тој не одговорил на повиците да запре во текот на ноќниот полициски час.

Судот во Тирана порано денес објави дека Хајдарај ќе остане во притвор додека е под истрага за убиство поради прекумерна употреба на сила.

Во текот на првите два дена од протестот, полицијата уапсила 62 лица, а обвинение е поднесено против вкупно 116 лица, за одржување на протестот за време на пандемија, како и за палење пожари и нарушување на јавниот ред и мир.

YouTube video

Властите соопштиле дека во протестите биле повредени 21 полицаец и четворица демонстранти.

Протестите доведоа до тензии меѓу социјалистичката влада и главната десноцентристичка опозициска партија, Демократската партија, која побара оставка од премиерот Еди Рама.

Рама ја обвини опозицијата за поттикнување на насилните протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер