БалканТирана: Полицијата ги предупреди демонстрантитеАлбанската полиција денес упати сериозно предупредување до демонстрантите кои веќе неколку дена протестираат откако полицаец уби едно младо момче.Полицијата предупреди дека ситуацијата поради коронавирусот е загрижувачка и дека сите мораат да ги почитуваат рестриктивните мерки од кризниот штаб, кои вклучуваат и забрана за собирање, пренесе „АП“. Според рестриктивните мерки, забрането е собирање на повеќе од 10 лица, навечер на сила е полициски час, а задолжително е носење маска и држење физичка дистанца. Албанците ги игнорираат мерките за јавни собири откако момчето Клодијан е убиено во Тирана за време на полициски час во минатиот вторник. Од полицијата тогаш соопштиле дека убиениот го „игнорирал повикот на полицијата да запре и почнал на бега“. Полицаецот кој го убил Клодијан е уапсен. Во денешното соопштение од полицијата се наведува дека нема да се толерираат никакви собири, кои не се во согласност со мерките. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
АвтомобилизамЕУ воведува остри мерки против кинеските хибриди- силен удар за купувачите Европската Унија подготвува ново големо ограничување за автомобилите што доаѓаат од Кина, овој пат насочено кон хибридните и plug-in хибридните модели кои бележат невиден раст на продажбата во Европа во последните години. Брисел и Пекинг постигнаа принципиелен договор со кој ќе се ограничи годишниот увоз на овие возила на 350.000 единици. Ова е драстично намалување, бидејќи според проценките на Европската комисија, дури 800.000 вакви автомобили би можеле да стигнат на европскиот пазар оваа година. Новата мерка треба да стапи на сила во декември. Според планот, квотата за увоз за 2027 година ќе изнесува 350.000 возила, по што би се зголемувала за шест проценти годишно во следниот четиригодишен циклус. Пред договорот официјално да се спроведе, тој мора да ги помине конечните европски регулаторни процедури. Кинеските производители ги заобиколуваат царините за електрични возила Овој потег на Брисел е директна последица од брзото прилагодување на кинеските производители. Откако Европската Унија воведе дополнителни царини за електрични автомобили произведени во Кина во 2024 година, фабриките на тој пазар масовно го пренасочија извозот кон хибридни модели кои не беа опфатени со тие даноци. Официјалните податоци од европското здружение на производители ACEA јасно ја илустрираат брзината на оваа транзиција. Во првата половина од 2026 година, кинеските брендови држеа дури 25 проценти од европскиот пазар на plug-in хибридни возила, додека нивниот удел беше само два проценти само две години претходно. Во истиот период, уделот на класичните хибриди од кинеските брендови скокна од два на 14 проценти. Различни ставови на Брисел и Пекинг за истиот договор Интересно е што двете страни го претставуваат постигнатиот договор во сосема поинакво светло. Европските преговарачи го нагласуваат успехот бидејќи увозот е намален за повеќе од половина во споредба со очекуваните 800.000 возила оваа година. Од друга страна, кинеските претставници нагласуваат дека 302.000 хибриди биле извезени во ЕУ во 2025 година, што значи дека новата квота всушност им гарантира понатамошен раст во споредба со извозот од минатата година. Домашната европска автомобилска индустрија го поздрави потегот бидејќи агресивниот раст на поевтините модели создаде огромен притисок врз европските фабрики. Брисел проценува дека ова ограничување би можело да го намали трговскиот дефицит со Кина за помеѓу 10 и 14 милијарди евра. Преместување на фабриките во Европа како долгорочен одговор Иако новите ограничувања им носат привремен одмор на европските производители, тие нема да го спречат присуството на кинеските брендови. Поставените квоти важат исклучиво за возила увезени од Кина, но не и за автомобили произведени во фабриките во самата Европска Унија. BYD веќе интензивно го развива своето производство во Унгарија, додека другите конкуренти исто така се подготвуваат да отворат фабрики на европско тло. Оваа трговска мерка ќе им купи време на европските производители да се прилагодат, но во исто време ќе ги принуди кинеските компании да го забрзаат локализацијата на производството, што на долг рок сепак ќе им донесе силна конкуренција на европските купувачи.Тагови: Европска Унија хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема РечицаФБИ ѝ честита на Единицата за сајбер-криминал при Бирото за јавна безбедност на Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX, според наводите, незаконски продавал лични податоци со кои може да се идентификуваат жртвите („PII“ – Personally Identifiable Information), како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 профили на продавачи. Постоењето на овој онлајн-пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на безбедноста и интегритетот на корисничките сметки што ги користат. Оваа акција претставува прва сајбер-операција воопшто координирана меѓу ФБИ и Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ да работи со партнери ширум светот за заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаРуте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис. Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците. Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок. Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година. Q: Is Russia foolish enough to consider attacking any NATO country? NATO's Rutte: We don't think so, and we see no imminent threat against NATO territory. And if we were to see a buildup, we would react to it. https://t.co/9869xng9nM — Clash Report (@clashreport) October 14, 2026 Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД. Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана. Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32