Други спортовиТинејџер се фрли врз противничкиот играч со целата тежина и му го скрши ’рбетот (Вознемирувачко видео) Застрашувачки снимки се појавија од Соединетите Американски Држави, каде што 15-годишник беше сериозно повреден за време на фудбалски натпревар кога играч од противничкиот тим скокна врз него со целото тело, кршејќи му го ‘рбетот.Во шокантно видео споделено на социјалните мрежи, може да се види како тинејџер, двојно поголем од малото дете, лежи на земја како скока врз него, а со вториот скок му нанесе сериозни повреди на 15-годишникот. Натпреварот се играше помеѓу средните училишта Лејкшор и Каламазу, а кога акцијата всушност заврши, играчот по име Колтон, кој беше на земја, доби два ужасни удари од човекот што скокна врз него. Несреќниот играч подоцна беше однесен во болница на преглед, и како што мајката на повредениот играч изјави за Њујорк Пост, неговиот ‘рбет е скршен на две места. Откако доби медицинска помош, тој бил пуштен од болница со поддршка. New: Disturbing JV Football Tackle Leaves Lakeshore Player with Spine Fractures On Thursday, September 19, 2025, a 15-year-old Lakeshore High School JV football player suffered two spine fractures during a game against Kalamazoo Central High School in Michigan. This happened… pic.twitter.com/9aQBZfQgmn — The Facts Dude 🤙🏽 (@The_Facts_Dude) September 21, 2025 Според мајката на повредениот играч, таа веднаш скокнала на теренот за да му помогне на својот син, и вели дека е прашање дали тој некогаш повторно ќе може да игра американски фудбал или спорт воопшто. Училиштата само „нејасно“ изјавија дека се обидуваат интерно да го решат проблемот, според „Њујорк пост“, и не е јасно дали играчот што го повреди несреќниот Колтон воопшто ќе се соочи со какви било санкции.Тагови: тинејџер 'рбет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00