Тинејџер го украл Мерцедесот од родителите и го фатиле како вози над 300км/час (ВИДЕО) - Канал 5

Тинејџер го украл Мерцедесот од родителите и го фатиле како вози над 300км/час (ВИДЕО)

Полицаецот не можел да поверува кога радарот му покажал со која брзина вози престапникот.

Тинејџер го украл Мерцедесот од родителите и го фатиле како вози над 300км/час (ВИДЕО)

Полицаецот Кери Шмит останал без зборови кога добил фотографија на екранот на кој пишувало „308 км на час“. Мислел дека неговите колеги се шегуваат и дека го „снимаат“ авионот на блискиот аеродром. Но, не, со таа брзина поминал Мерцедес C63 AMG Coupe на автопатот каде што е дозволено 110 км на час. И да се влошат работите, се случи изненадување кога го запрел автомобилот.

Зад воланот бил 19-годишен млад човек, кој го позајмил моќниот Мерцедес од своите родители. И ова не било прв пат да ги крши правилата и да ги стави во опасност другите возачи. Му била одземена возачката дозвола, а тој е обвинет за улични трки и опасно возење. Автомобилот е запленет на најмалку седум дена.

Шмит го коментираше случајот: „Ова е неверојатно. Тоа е неодговорно однесување и се надевам дека лицето уште долго време нема да добие можност да вози автомобил“.

За овие престапи, тој се соочува со парична казна до 10.000 американски долари, губење на дозволата до две години и затвор до десет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Со уривањето на постојниот мост, започнува реализацијата на проектот за изградба на нов и побезбеден мост, кој ќе овозможи подобри услови за движење и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Проектот е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Новиот мост ќе има две коловозни ленти, тротоари од двете страни и вкупна ширина од 8,5 метри.

Продолжуваме со вложувања во подобра инфраструктура и побезбедни услови за живот на нашите граѓани! –објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Бараме одговорност за сите што ја пуштија Ива Михаилова.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Прв политичка одговорност треба да понесе министерот Панче Тошковски.

Бараме негова оставка веднаш.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата.

Граѓаните гледаат што се договорало под маса и „под радар“ откако Муцунски беше во Софија.

Тошковски ја пушти Михаилова. Ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош.

Таа јавно вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека граничните службеници знаеле.

МВР вели нема евидентиран излез.

Јасно е се. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат.

Ова е договорено!

СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.

Јавноста мора да дознае кој го реализирал договорот и по чив налог.

Пет тони дрога поминаа преку граница, нарко дилер побегна од полициската станица, на северната граница серија инциденти, бегства, пречек со црвен килим.

Телохранителот на Мицкоски не одговораше, не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка.

Ова се прашања за небезбедност на граѓаните, за нееднаквост пред законот и за неспособноста на МВР да ги исполнува своите обврски.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, одговорност за сите вмешани и оставка од Панче Тошковски.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Фиат го претстави финалниот дизајн на својот претстоен градски автомобил, Мултиплина, кој се одликува со ретро стилски елементи и димензии слични на оригиналниот Фиат 500 од 1950-тите.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Моделот беше прикажан на Саемот за автомобили во Париз заедно со поголемиот концепт Мултиплеј, кој црпи инспирација од неконвенционалниот модел Мултипла од 1990-тите.

Се очекува моделот Мултиплина да се појави на пазарот во 2028 година. Ќе биде позициониран над моделот Тополино, но под актуелниот Фиат 500 и новиот, достапен електричен градски автомобил чие претставување е закажано за подоцна оваа година.

Името го добива од Фиат 600 Мултипла од 1956 година, возило кое компанијата своевремено го опиша како оригинално превозно средство за повеќе патници. Се очекува новиот модел да има должина помала од три метри, додека Тополино е долг 2,53 метри.

За разлика од Тополино, кој спаѓа во категоријата на лесни четирицикли (L6), Мултиплина ќе се развива според прописите за категоријата „L7“. Ова овозможува поголема моќност и брзина. Фиат наведува дека максималната брзина ќе изнесува 88 км/ч, што е горната граница за оваа категорија.

Мултиплина ќе ја користи платформата што ја делат Тополино и комерцијалниот модел Трис, но со значителни модификации за да се обезбеди повеќе простор во внатрешноста, поголема батерија и поголем досег. Неговиот дизајн му оддава почит на оригиналниот Мултипла, со исправени предни делови, тркалезни фарови и карактеристична силуета.

Со овој модел, Фиат ја продолжува својата стратегија за развој на мали и достапни возила, покрај постоечките модели 500 и Панда. Оригиналниот Фиат 600 Мултипла се произведувал од 1956 до 1967 година, а во тој период биле произведени приближно 240.000 примероци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер