Тимоние: Претстојните месеци да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе

 Одредени реформи се веќе спроведени, остануваат и други реформи што треба да се спроведат и навистина билансот е веќе направен. 

На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента. Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската Унија, впрочем исто како што и периодот е многу значаен и за самите Вас. Но, ако треба да извлечеме каков било заклучок од сето ова ќе кажам дека месеците кои претстојат треба да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе, особено тука мислам на законот за Специјалното јавно обвинителство.

Ова денеска го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали тоа што не добивме датум за преговори во јуни со ЕУ се должи на неспроведување на реформите или на внатрешните проблеми или несогласувања внатре во ЕУ. На прашање дали законот за СЈО е услов за добивање зелено светло и од Франција рече дека станува збор за значајна тема за повеќе држави-членки на Унијата, затоа што, како што појасни, тоа е доказ за владењето на правото.

– Ние Ве придружуваме на тој пат. Во моментот не можам да ви дадам точен датум, но сакам да знаете дека ние сме со Вас. Европското знаменце е со ѕвезди и знаете дека тие се убаво распоредени и благо наклонети, за до крајот на годината да се добијат позитивни одговори на сето она што вие го очекувате. Во моментов државите-членки разговараат меѓу себе и будно следат се она што се случува во Македонија. А во таа област сакам да ја истакнам особено француско-германската соработка, но и развојот на состојбата во целиот регион во рамки на стратегијата што ја објави нашиот претседател на државата. Завршивме и со организирањето на последниот семинар, што е наменет за подготовка на Секретаријатот за европски прашања за водење на преговори, рече Тимоние пред отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство: Македонија и француско-германската перспектива" во организација на Европското движење и Фондацијата Конрад Аденауер.

Потенцира дека минатата недела имало зачестени контакти меѓу Франција и Македонија, односно консултации кои се одржувале во претседателството на Франција, францускиот Секретаријат за европски прашања, Францускиот сенат и во француското Собрание.

– Можам да кажам дека во моментов сме во интензивни дискусии меѓу двете земји. За годината што измина имаме навистина позитивен биланс, особено во постигнувањето и потпишувањето на Преспанскиот договор и постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија, додаде амбасадорот Тимоние.

Потпретседателот на Евроското движење Мухамед Халили рече дека се работи за две различни концепции – француска и германска. Според него, француската концепција е потешка и подолга, а тоа е планот за Западен Балкан на Франција што подразбира тесна соработка во стопанството, финансиите, одбраната, внатрешните работи, зацврстување на стабилноста не само во државата, туку и во зачувувањето на границите, додека германскиот став е многу полесен, затоа што се повикува на проширување на ЕУ.

– Дали сега ќе омекне нивниот став ќе видиме. Засега нема такви индиции, но секако дека би очекувале и би било оптимисти одлуката да се донесе во декември, а во јануари да почнат процесите на преговарање со земјите-членки, додаде Халили./МИА.

Во Скопје вчера изречени 125 казни за сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера при контрола на сообраќајот во главниот град изрекол 125 санкции.

Како што соопшти МВР, 16 од нив биле за возење без возачка дозвола, седум за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири казни за користење мобилен телефон при возење, три за некористење на сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции...

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување.....

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“.

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

Видео: Јувентус ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија

Јувентус синоќа на „Олимпико“ во Рим ја совлада Аталанта со 1:0 и го освои Купот на Италија.

Стрелец на единствениот гол беше Душан Влаховиќ во 4. минута по асистенцијата на Андреа Камбиасо.

Јувентус го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат.

За Аталанта, финалето беше шесто во историјата на клубот. Тимот од Бергамо остана на единствениот трофеј освоен во 1963 година.

притисни ентер