3СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
ТехнологијаТим Кук на подарок доби 5 милиони акции од ЕплИзвршниот директор на Епл, Тим Кук, добил повеќе од пет милиони акции на овој технолошки гигант, по повод одбележувањето на десет годишнината во бизнисот.Извештајот на Епл до американската комисија за хартии од вредност (КХВ) покажува дека продал поголем дел од акциите за повеќе од 750 милиони долари. Тоа било дел од договорот што го постигнал кога ја презел функцијата од ко-основачот на Apple, Стив Џобс, пишува Би-Би-Си. Наградата зависи од тоа колку се зголемила вредноста на акциите на Apple во споредба со другите компании во S&P 500. Според поднесувањето на Apple до SEC, Кук има право да ја добие наградата бидејќи акциите се зголемиле за 191,83 проценти во изминатите три години. Исто така, е истакнато дека цената на акциите на Apple се зголемила за 1.200 проценти откако Кук станал извршен директор на 24 август 2011 година. Компанијата зад iPhone, iPad и MacBook сега има пазарна вредност од речиси 2,5 трилиони долари. Минатата година, Кук се согласил на нов договор за плата што ќе трае до крајот на 2026 година. Претходно оваа недела, Кук донирал речиси 10 милиони американски долари од акциите на Епл во добротворни цели, без да го именува примачот. Кук во 2015 година рекол дека ќе го подари целото свое богатство пред да почине, а познато е дека тој веќе донирал десетици милиони долари во добротворни цели. Според индексот на милијардери на Блумберг, Кук во моментов поседува околу 1,5 милијарди долари. Кук честопати јавно зборувал за неговата загриженост за прашања како што се ХИВ и СИДА, климатските промени, човековите права и еднаквоста. Неговата изјава е слична на онаа на други богати деловни луѓе од САД кои рекле дека ќе донираат целосен или значителен дел од своето богатство во текот на животот. Коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс и инвеститорот Ворен Бафет го започнаа проектот „Давање залог“ во 2010 година, кој ги покани милијардерите да донираат барем половина од своето богатство. Претходно оваа година, Бафет донирал акции од Беркшир Хатавеј во вредност од 4,1 милијарди долари во добротворни цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажбаГерманската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност. Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“. Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“. „Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон. HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе. Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар. Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање. Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага. „Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
КултураДрамски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во НеготиноСо изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма. По утрешното отворање на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски на НУ Драмски театар Скопје, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведбата на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје. Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски. На 21 август (петок) на програмата на фестивалот е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов - Кико Магико. Годинашниот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова. Монодрамата „Кармен“ на фестивалот во Неготино ќе биде изведена 51. пат по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година. Претставата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаФилипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново СелоОваа година немав многу време за одмор.Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор. Оваа година немав многу време за одмор. Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето. Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница. Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно. За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион. Поздрав, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter