Шоу бизТилда Свинтон доби почесна „Златна мечка“ за животно делоГодинашниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, попознат како Берлинале, беше отворен синоќа со доделување на почесната „Златна мечка“ на шкотската глумица Тилда Свинтон.- Мислам дека има многу малку луѓе во филмскиот свет кои се поповрзани со Берлин отколку Тилда Свинтон, рече режисерот Едвард Бергер на свеченото отворање. Во својот говор при прифаќањето на наградата, Свинтон го пофали фестивалот како „кралство без граници и без политика на исклучување, прогонство или депортација“, алудирајќи, меѓу другото, на политиката на САД кон нелегалните имигранти, пренесува „Варајети“ (Variety). - Големата независна кинематографија е вродено инклузивна - имуна на напорите за окупација, колонизација, преземање, сопственост или запоседнување на имотот на ривиерата. Државно спроведеното и меѓународно овозможеното масовно убиство во мигов активно тероризира повеќе од еден дел од нашиот свет... Ова се факти. Треба да се соочиме со нив! Значи, да бидам јасна - ајде да го именуваме. Нехуманото се извршува „пред нашите очи“. Овде сум да го именувам тоа без двоумење или сомнеж во мојот ум и да им ја дадам мојата непоколеблива поддршка на сите оние кои го препознаваат неприфатливото самозадоволство на нашите влади зависни од алчност, кои се здружиле со уништувачите на планетава и воените злосторници, од каде и да доаѓаат, рече британската глумица. По свеченото доделување на „Златната мечка“ за животно дело, во рамки на воннатпреварувачкиот дел беше прикажан новиот филм на германскиот режисер Том Тиквер - „Светлина“. За време на отворањето на свеченоста, говорниците укажаа на нападот што се случи во јужниот германски град Минхен, кога Авганистанец влета со автомобил во група луѓе и повреди околу 30 лица. Пред свеченото отворање, неколку актери, како и новата режисерка на Берлинале - Триша Татл, изразија солидарност со израелскиот глумец Давид Куни, кој е заробен од Хамас. Берлинале веќе има углед на фестивал што поизразено се сосредоточува на политички теми. Така, недалеку од отворањето на фестивалот, и неколку демонстранти протестираа со натписи „Слободна Палестина“. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часовиГолем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСрбин два пати летово „летал“ низ Македонија двојно побргу од дозволеното- уапсен е Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина.Вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час, и во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. За случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината. Безобѕирното и пребрзо возење сериозно го загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Возете одговорно и почитувајте ги правилата – брзината никогаш не е поважна од човечкиот живот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот на „Пелистер“ локализиран, опасноста од ширење и натаму голема Пожарот кој изби во атарот на село Макази, ресенско, и беше опасност за Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола. Сепак, заканата и натаму постои... Пожарот што вчера попладне избувна од преспанската страна поради силниот ветер брзо се прошири во пониските делови на Националниот парк „Пелистер“. По повеќечасовна битка со огнот, пожарот во текот на ноќта е локализиран, но опасноста од негово повторно активирање и ширење останува голема и ќе зависи од временските услови. Во гаснењето на пожарот нема повредени пожарникари велат од ДЗС. „Во доцните часови беше воспоставена блага контрола врз овој тежок за гаснење пожар но побарав дополнителна поддршка од доброволните пожарникари во Битола кои во текот на целата ноќ беа поддршка на противпожарните тимови. Обезбедивме и механизација која над боровите врши противпожарна пресека каде ќе се обидеме да го спореме огнот. Но на пладне почнаа повторно почнаа да се појавуваат горливи точки. Дејствуваат ер трактори на ДЗС.“ На терен цела ноќ биле екипи на Националниот парк, противпожарните единици од Битола и Ресен, доброволното противпожарно друштво како и екипи со механизација. Денес во гаснењето е вклучен и армиски хеликоптер, а се очекува дополнителна воздушна поддршка со два „ер трактори“. „Се надеваме дека ер-тракторите ќе успеат да го намалат движењето на пожарот за да можеме во текот на вечерните ќасови да реагираме на терен за целосно да го локализираме пожарот.“ Пожарот го зафати понискиот дел од Националниот парк „Пелистер“, каде огнената стихија се шири низ шумскиот појас. Екипите на терен продолжуваат со гаснењето и со локализирање на жариштата, а поради тешко пристапниот терен интервенцијата е отежната. „Се работи за мал дел од територијата на националниот парк Пелистер, за понискиот дел. Со повисоките температури во текот на денот имаме повторно разгорување.“ Надлежните остануваат на терен и во текот на денот, со цел да се спречи повторно активирање на пожарот. Во моментов приоритет е целосно локализирање на жариштата и заштита на шумскиот фонд во Националниот парк „Пелистер“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook