ТехнологијаТикТок воведува стриминг исклучиво за возрасни На социјалните мрежи се шпекулира дека TikTok наскоро би можел да стане алтернатива на OnlyFans, откако платформата објави нова опција за стриминг „само за возрасни“.Од TikTok наведуваат дека ја воведуваат новата опција за заштита на помладите корисници и дека може да се користи за проследување видеа „со посложени и потешки теми“. „Во следните недели, планираме да воведеме нов начин за корисниците да изберат дали сакаат нивната содржина да допира само до возрасни. На пример, можеби нивната содржина е посоодветна за луѓе над 18 години. Или, ако корисникот планира да зборува за тешко животно искуство, ќе се чувствувате поудобно знаејќи дека преносот е ограничен само на возрасни“, соопшти TikTok. „Сакаме нашата заедница максимално да ги искористи можностите што може да ги донесе преносот во живо, без да се загрози безбедноста“, заклучуваат тие. Но, некои корисници на социјалните мрежи коментираат дека TikTok наскоро би можел да се претвори во алтернатива на OnlyFans. „Значи... Само OnlyFans во живо? напиша еден корисник. TikTok adding adult-only livestreaming shows how much being a cam girl has gone from being seedy to a mainstream occupation. Between Twitch & OnlyFans at both ends, it’s clear there are millions to be made catering to this audience. How times change. https://t.co/w9ppu2AJLu — Dare Obasanjo (@Carnage4Life) October 18, 2022 TikTok во своите упатства наведува дека не дозволува голотија или порнографија. „Не дозволуваме голотија, порнографија или сексуално експлицитна содржина на нашата платформа. Исто така, забрануваме содржини што прикажуваат или поддржуваат сексуални дејствија без согласност и споделување интимни слики без согласност“, забележува TikTok. TikTok is launching an ‘adults only’ livestreaming mode https://t.co/rA4CZkUCPp — The Independent (@Independent) October 18, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за ГостиварФилипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаЈанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАлексеј Покушевски се сели во РусијаРепрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот. Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија. На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос. На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција. Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот. Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook