3Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
ТехнологијаТикТок е најмногу преземана апликација минатата годинаTikТok е најсимнуваната апликација во светот во 2020 година, преземајќи го првото место од Facebook Messenger, објави компанијата за дигитална аналитика App Annie.Кинеската платформа за споделување видеа е единствената апликација која што не е во сопственост на Фејсбук, што се меѓу првите пет најсимнувани во светот. Сопственикот на TikTok, ByteDance, мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг, го држи првото место во својата земја, со видео апликацијата на кинески Douyin, кинескиот двојник на TikTok, пренесува BBC. Популарноста на TikTok продолжува да расте особено откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани во Америка. Од почетокот на истражувањето во 2018 година, водечките позиции ги имаа апликации во сопственост на Фејсбук, кои се уште доминираат во рангирањето. Апликациите на Закерберг се рангирани меѓу првите пет, а покрај Messenger на Facebook, тука се и WhatsApp и Instagram. Минатата година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп наредил забрана за нови преземања на „ТикТок“ во Соединетите држави. Администрацијата на Трамп тврдела дека апликацијата претставува закана за националната безбедност бидејќи ги става на располагање сите податоци за корисниците до кинеската влада. Според Би -Би -Си, компанијата постојано ги отфрла ваквите обвинувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омразаПо повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измамиПревентивна активност на тема „Носи кацига“Денеска (13.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово реализира превентивна активност на тема „Носи кацига“, насочена кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип, Пробиштип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, во Куманово спроведе превентивна активност со цел информирање на граѓаните како да се заштитат од измами, особено при купување огревни дрва. На граѓаните им беше сугерирано да бидат внимателни, особено доколку некој им нуди огревни дрва по значително пониски цени, затоа што може да бидат жртви на измама, односно да не ги добијат дрвата кои ги платиле.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter