Тихановска: Од понеделник генерален штрајк во Белорусија - Канал 5

Тихановска: Од понеделник генерален штрајк во Белорусија

Поранешната кандидатка за претседателка на Белорусија Светлана Тихановска изјави денес дека во понеделник сите претпријатија ќе стапат во генерален штрајк.

Тихановска: Од понеделник генерален штрајк во Белорусија

Таа тоа го изјавила откако владата на Александар Лукашенко применила сила за да ги задуши протестите кои се одржани во текот на денов.

„Режимот уште еднаш им покажа на Белорусите дека единствено е способен за насилство“, навела Тихановска во соопштението и додале дека заради тоа од понеделник во земјата ќе започне генерален штрајк, пренесе „Ројтерс“.

Денес истекува рокот на „народниот ултиматум“ кој поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановска претходно им го постави на властите во земјата. Таа навела дека, доколку барањата на опозицијата не се исполнат до 26 октомври, сите претпријатија во земјата ќе стапат во генерален штрајк.

Десетици илјади поддржувачи на белоруската опозивија денес со собрале на Плоштадот на слободата во центарот на Минск на протест во рамките на опозицискиот „народен ултиматум“. Полицијата врз демонстрантите фрлила десетина шок бомби, во градот Лида, каде исто така е одржан протест, полицијата употребила солзавец.

Центарот за заштита на човекови права „Весна“ пријави дека ширум земјата се уапсени 80 демонстранти, а порталот „tut.by“ соопшти дека во градот Витебск биле уапсени двајца новинари кои известувале од протестите, пренесе „ТАСС“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

Иран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на  воените операции на Вашингтон против Исламската република.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.

Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба.

Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник - градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци.

Скопје е под опасада од заразни комарци - поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот.

Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени.

Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува.

Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат.

Па што правеше?

Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец?

Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје.

Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи.

Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто.

Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците!

А требаше и мораше.

За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон.

Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер