Тиери Анри поради короната ја напушти клупата на Монтреал

Тиери Анри ја напушти клупата на Монтреал ,каде што се натпреварува во американскиот МЛС.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона ја донесе одлуката од семејни причини затоа што со месеци морал да биде далеку од неговите деца поради пандемијата на коронавирус.

Тој е во Монтреал од ноември 2019 година. Минатата сезона, овој клуб го доведе до прв пласман во плеј-офот во МЛС по 2016 година, а потоа испадна во првото коло од New England Revolution. Се покажа дека тоа е неговата единствена сезона во клубот бидејќи следната започнува во април.

Тој беше кандидат за тренерската позиција во Бурнмаут во Чемпионшип, но на крајот таа позиција му припадна на Џонатан Вудгејт.

"Оваа одлука ја донесов со тешко срце. Минатата година беше исклучително тешка. Заради пандемијата, не можев да ги видам моите деца и нема да има разлика во следните неколку месеци. Разделбата е голем напор за мене и моите деца “, рече Анри.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер