Тежок срам за Бугарите: Одржаа минута молчење за жив човек - Канал 5

Тежок срам за Бугарите: Одржаа минута молчење за жив човек

Бугарската лига често знае да биде интересна на Балканот, имаше грст необични ситуации, но никогаш како она што се случи на мечот од локалниот шампионат меѓу Арда и Левски.

Тежок срам за Бугарите: Одржаа минута молчење за жив човек

Имено, пред почетокот на играта присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит на човек кој е жив. Станува збор за Петко Ганчев, кој своевремено настапувал за домашната екипа. Управата на Арда добила информација дека тој починал, па соодветно одлучиле да се простат од поранешниот фудбалер.

Не се знае дали за ова дознал лично Ганчев или некој негов близок, па набргу функционерите на Арда биле известени дека информацијата не е точна. Клубот набрзо се извинил.

- Почитувани новинари и фанови на Арда, управата на клубот сака да изрази најдлабоко извинување до нашиот поранешен фудбалер Петко Ганчев и неговото семејство откако добивме неточни информации за неговата смрт. На Петко му посакуваме уште многу години здравје и да ужива во успесите на Арда - се вели во соопштението на клубот.

Натпреварот меѓу Арда и Левски заврши нерешено (1:1). Домашните не успеаја да стигнат до четвртото место и да го минат Ботев, додека Левски, пак, е на второто место со 12 бода помалку од лидерот во шампионатот Лудогорец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. 

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута.

Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер