Тетовското архиерејско намесништво препорача славите да се одбележуваат во кругот на најблиски - Канал 5

Тетовското архиерејско намесништво препорача славите да се одбележуваат во кругот на најблиски

Тетовското архиерејско намесништво упати апел до верниците за семејните слави благословувањето на лебот, виното и пченицата наместо во црква да го прават дома.

Тетовското архиерејско намесништво препорача славите да се одбележуваат во кругот на најблиски

Воедно препорачаа празнувањето на семејниот заштитник да се одбележи само во најтесниот круг на блиските роднини како начин на заштита од ширење на коронавирусот.

– Секое семејство си има свој заштитник, патрон кој го слави, на кој му се моли и кој го прославува во овој период. Согласно со кризата со короната, често се прашуваат, како во оваа година, како да ги празнуваат славите. Ние како свештенство од тетовското архиерејско намесништво одлучивме славските лебови да ги кршиме по домови, почитувајќи ги препораките за заштита од корнавирусот. Луѓето треба да имаат подготвено леб, пченица, вино и свеќа. Свештениците во одреденото време ќе дојдат до домовите на верниците и ќе ги благословат славските лебови, пченица и вино, истакна отец Александар Стојановски.

Свештениците велат дека главното празнување на семејните слави се молитвите и благословувањето на лебот, пченицата и виното, додека славските трпези се додаток и дека поради ситуацијата не се препорачани.

-Следејќи ги препораките на Министерството за здравство препорачуваме прославата со славски трпези да биде во потесното семејство и меѓу побслики роднини, да нема масовни собирања како што има. Има некои слави со по 100 луѓе но да нема толку собирање на луѓе дома. Само со најблиските луѓе да се организира славскитот ручек. На крајот од краиштата, доаѓање на Света литургија, кршењето на славскиот леб дома, молитвата кон светителот, читањето на житието на светителот се најважните обележја на празнувањето на славата. Прославата со ручек и слично е додаток, потенцира свештеникот.

Тетовското архиерејско намесништво поради состојбата одложи и осветување на новоизграден параклис во кругот на црквата „Света Богородица" во Тетово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студенти

Нови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? 

На универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студенти

На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска.

За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години.

Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа.

Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство?

На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома.

„Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски.

Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство

„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување .

Кос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство

„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување која треба да биде објавена следната недела, а веќе одекна како проект без преседан. Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) и бесплатен роаминг се дел од примерите како земјите кандидатки ќе се интегрираат во ЕУ додека трае пристапниот процес, објаснува еврокомесарката.

-Ќе се обидеме со таканаречениот претпристапен преглед да разговараме со земјите-членки кои се областите каде што за оние земји-кандидатки на кои ќе им треба повеќе време би можеле да понудиме повеќе Европа пред полноправното членство. // Тоа не е замена за членството. Бидејќи принципот базиран на заслуги бара време, ќе можеме, откако земјата кандидат ќе ги исполни критериумите за делумна интеграција во различни области, да го сториме ова и пред целосното членство. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување .

Според нацрт-предлогот во кој увид имаше реномираниот бриселски медиум Политико, стратегијата значи дека Европската Унија ќе го отвори својот огромен пазар вклучувајќи и непречена трговија за земјите во европската чекална, под услов тие да се усогласени со европската надворешна политика против непријателските држави и индустриските соперници. Во спротивно, пристапот ќе се суспендира - се предупредува во предлогот.

-Пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно. - Политико.

Новата стратегија за проширувањето ќе биде претставена на 6 октомври по што ќе биде проследена на пленарна сесија во Европскиот парламент, а на 16 октомври ќе се дискутира во Советот на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги испрати првите пораки од балканската турнеја пред утрешната посета на Скопје.

Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата

На заедничката прес-конференција со Еди Рама, синоќа во Тирана, уште една порача дека местото на Западен е во ЕУ, но под јасни правила. Повторно навести дека ќе следуваат патокази за најуспешните кандидатки но конкретно ја спомена само Албанија.

- Пристапувањето секогаш ќе остане засновано на заслуги, но мерит системот не значи бавно. Тоа е многу важно, особено во денешната геополитичка реалност и затоа ние наскоро ќе ги објавиме овие патокази за нашите најнапредни кандидати. Албанија, секако, е меѓу нив. Овие патокази ќе го претворат патот за членство во конкретни чекори, така ќе се разјасни што останува да се направи, до кога и каков процес треба да следи, изјави Урсула фон дер Лајен.

Откако реномираниот бриселски портал „Политико“ објави дека ЕУ подготвува нови патокази за членство за четири држави, Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, но меѓу нив не е Македонија, премиерот Христијан Мицкоски изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ и најави дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите од македонската страна се, како што кажа, познати и непроменети.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, во пресрет на посетата на Фон дер Лајен упати остри критики до премиерот Мицкоски за намерна изолација на земјава, додека други земји според него имаат јасна перспектива за членство во ЕУ.

-Притоа Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот. Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па сè е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно. А на Христијан сакам да му порачам нека размисли добро, ако треба вечер нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен, да не се игра со иднината на земјата затоа што може да му судат следните генерации, изјави Филипче.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираа и го осудија, како што велат, говорот на омраза од Филипче кон Мицкоски, кој според нив не доликува не доликува на професор, доктор и политичар.

-Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза, изјави координаторот на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.

По вчерашната посета на Тирана, шефицата на ЕК, денеска е во посета на Приштина и Подгорица, а утре ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер