Тетовчанката Лина Ѓорчевска на патот кон светскиот врв

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пробива кон ѕвездите. Се уште е далеку од светскиот врв, но засега ги исполнува сите цели што си ги поставила.

Оваа недела освои два турнира со победи и во сингл и во дубл.

Повеќе за ова во разговорот на Атанас Соколовски со Лина Ѓорчевска.

Лани, Лина имаше едно ветување пред нашите гледачи.
Лина синоќа се врати од уште еден напорен, но за неа успешен турнир. Во Прокупље Лина ја освои седмата титула во двојки на фјучрс турнирите. Во својата досегашна кариера Ѓорческа има 22 турнирски победи во двојки, а во Прокупље победува секоја година од 2012.

Во видеото погледнете го целиот разговор

Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции...

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување.....

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“.

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

Видео: Јувентус ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија

Јувентус синоќа на „Олимпико“ во Рим ја совлада Аталанта со 1:0 и го освои Купот на Италија.

Стрелец на единствениот гол беше Душан Влаховиќ во 4. минута по асистенцијата на Андреа Камбиасо.

Јувентус го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат.

За Аталанта, финалето беше шесто во историјата на клубот. Тимот од Бергамо остана на единствениот трофеј освоен во 1963 година.

Во Србија уапсија човек поради закани кон претседателот на таа држава

Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава. 

Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.

Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.

притисни ентер