Тестенини со лимон - Канал 5

Тестенини со лимон

Сварете ги тестенините според упатствата и зачувајте една чаша од водата за сосот. Растопете го путерот во тава, додадете го лукот и кората од лимон. 

Тестенини со лимон

Состојки за (4 лица):

500 грама тестенини по ваш избор

50 грама путер

3 чешниња лук

1 парче рендана кора од лимон

1 парче средна тиквичка

2 лажици крем сирење

1 чаша вода за варење тестенини

50 грама рендан пармезан

1 парче сок од лимон

Подготовка:

Сварете ги тестенините според упатствата и зачувајте една чаша од водата за сосот. Растопете го путерот во тава, додадете го лукот и кората од лимон. Мешајте неколку минути и додадете ги ренданите тиквички. Пржете ги тиквичките и додадете го крем сирењето, потоа водата за варење тестенини. Исцедете еден лимон и додадете го пармезанот. Добро измешајте сè и тоа е тоа!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром отстранува хаварисани возила од јавните површини

Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. 

Општина Аеродром отстранува хаварисани возила од јавните површини

По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини.

Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место - депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните.

Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром.

Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција.

Целта е јасна – повеќе слободни паркинг-места, поголема безбедност, подобар комунален ред и почист и поуреден Аеродром.

Апелираме до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните, отпадните и возилата што подолг период не се регистрирани, како и камп-приколките и чамците.

Како Општина ќе продолжиме со засилени контроли и постапување на целата територија на Аеродром. Јавниот простор е на граѓаните и мора да биде достапен за сите.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра.

Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот.

Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите.

Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари.

Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните.

Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор?

Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции;

ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач.

На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

​Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. 

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти.

Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и обвинителот Ислам Абази, човек близок на ДУИ и СДС.

Абази и овој пат, иако во заминување покажа дека се уште работи за газдите, СДС и ДУИ.

И кратко да потсетиме што направи овој пат обвинителот. Застана зад Филипче кој дозволил изградба на модуларните надвор од сите правила на законот за градење, мислел само на задоволување на личните и партиските интереси, не ги слушал стручњаците од Министерството за здравство.

Ваквите одлуки на обвинителот во заминување Абази, и носат штета на Македонија во она што значи владење на право, пат кон ЕУ. Оттука СДС и Филипче не треба да се фалат со вакви постапки кои практично и штетат на Македонија. Воедно клучно е да се има во вид дека во случај на евентуално нови докази може да има повторно постапка за истото дело.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер