Тест на крвта што може да предвиди болести до 10 години однапред - Канал 5

Тест на крвта што може да предвиди болести до 10 години однапред

Истражувачи од Велика Британија развиваат тест на крвта којшто, со боцкање со игла, може да открие рани знаци на одредена болест - и тоа, повеќе од десетлетие пред симптомите да се појават.

Тест на крвта што може да предвиди болести до 10 години однапред

Тестот, според научниците, користи подробни молекуларни профили на крвта за да ја предвиди опасноста од идната појава на болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак и деменција, пишува „Гардијан“.

Испитувањето е дел од проектот „Британска биобанка“ (UK Biobank), којшто прочучува речиси 250 различни протеини, шеќер, масти и други молекули во крвта на половина милион доброволци. Со комбинирање на овие податоци со медицинските картони и регистрите на смртните случаи, научниците можат да добијат попрецизна слика за физиологијата на една личност и да препознаат рани знаци на болест. Д-р Џој Едвардс-Хикс од Универзитетот во Единбург истакнува дека овие тестови ќе овозможат превенција на болести и пред да се појават симптомите.

- Ако имаме рани признаци на болестите, може да го предупредиме лицето уште во 40-тите години од неговиот живот за потенцијалните опасности и да го советуваме за промени во животниот стил, рече докторот.

Тестовите вклучуваат мерење на метаболити во крвта, како што се шеќери, аминокиселини, хормонски прекурсори и метаболички отпадни продукти. Промените во овие параметри можат да укажуваат на оштетување на органите - на пр. покачениот амонијак укажува на проблеми со црниот дроб, а зголемената уреа и креатин може да укажуваат на оштетување на бубрезите.

„Британската биобанка“ почна со избирање испитаници во 2006 година. Тој проект, се наведува, сега им овозможува на научниците да комбинираат медицински наоди, скенирања и метаболички профили заради идентификување рани знаци на некоја болест. На тој начин се следи нејзиниот развој и се проценува делотворноста на лекувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плутон го губи статусот на планета

Плутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно.

Плутон го губи статусот на планета

На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем.

Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија.

По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел.

Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем.

На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон.

Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти.

Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер