Тесла со помала продажба во првото тримесечје од годината - Канал 5

Тесла со помала продажба во првото тримесечје од годината

Тесла извести за првиот пад во продажбите на годишно ниво по 2020 година како резултат на зголемената конкуренција на електрични возила од западните производители на автомобили и од Кина.

Тесла со помала продажба во првото тримесечје од годината

Илон Маск, извршен дректор на компанијата за производство на електрични коли, извести дека во првите три месеци годинава биле произведени 433,000 возила но дека биле продадени само 387,000. Во последните три месеци лани биле продадени 484,507 возила. Во првото тримесечје од 2023 година Тесла продала 422,875 возила.

На смалениот број продажби Тесла одговори со намалување на цените. Иако компанијата е попрофитабилна од традиционалните автопроизводители, намалените цени ги истиснаа маржите од профит што ја зголемуваа вредноста на акциите.

Како резултат на ова акциите на компанијата на берзата вчера се намалија за 5 отсто, и изгубија повеќе од третина од својата вредност годинава.

За намалените испорачани количини Тесла посочи неколку фактори. Првиот е зголеменото производство на обновената верзија на Модел 3 во својата фабрика во Фримонт, Калифорнија. Потоа затворањето на некои фабрики како резултат на пренасочениот бродски сообраќај преку Црвеното Море поради нападите таму. Исто така фактор беше и еднонеделното затворање на фабриката во Германија поради намерно опожарување од страна на група еко активисти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Најнапред, дозволете ми да упатам искрена благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои вчера излегоа на гласање и го остварија своето демократско право на глас.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат.

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг.

Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е резултат кој не прави горди, но пред се и не обврзува.

Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата.

Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот.

Посебно сакам да ја истакнам позитивната атмосфера, заедништвото и големата енергија што ги почувствувавме во Брвеница во текот на оваа кампања.

Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес.

И токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено.

Почитувани граѓани, резултатот од првиот круг е јасен показател за довербата што граѓаните му ја дадоа на нашиот кандидат.

Ова е признание за вложениот труд, за непосредниот пристап кон граѓаните и за искрената желба, Брвеница да продолжи да се развива.

Пред нас е вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 ноември.

Во него влегуваме со голема предност, со позитивна енергија, со уште поголема мотивација и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба.

Одиме на убедлива победа во вториот изборен круг и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница.

Нашата цел е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

На крајот, уште еднаш, голема благодарност до сите граѓани на Брвеница за довербата, за поддршката и за достоинственото учество во изборниот процес.

Продолжуваме заедно, обединети и посветени на иднината на Брвеница.

Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://www.swisstransfer.com/dl/01a15368-626f-70b5-bd41-9c5a025d2161

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО-ОКГ и на Платформата - ЗНАМ 2.0, ист ракопис, иста порака

Тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица бараат реформи во СДСМ. 

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО-ОКГ и на Платформата - ЗНАМ 2.0, ист ракопис, иста порака

Тие што добија тендер од 1,6 милиони евра. Тие што го бранат трговецот со оружје што му плаќа на Мицкоски лобирање за американска ходник дипломатија. Тие што набавуваат хеликоптери, па ВМРО го става случајот во фиока.

Тие што дозволија Артан Груби да игра фудбал по канцеларии. Тие што ја пишуваа програмата, што беа шефови на штабови по изборни единици, носители на листи на најголемиот пораз на СДСМ.

Тие што потпишуваа петиција за ослободување на Орце Камчев. Тие што молчеа кога се носече Кривичниот закон за да се ослободат некои.

Истите тие денес ја обвинуваат СДСМ за резултатот во Брвеница - резултат што е поголем од нивниот и подобар од лани за 46 проценти.

Тие се повикуваат на анкетата на ВМРО платена 400.000 евра, анкета што не можеше повеќе да го скрие падот на ВМРО и на арамијата Мицкоски, што мораше да објави пад на повеќе од 40 проценти.

Кому му пишува текст Ивона Талевска, па се однесуваат како портал на ВМРО, како Орбанов медиум што тврди дека некој договара влез во влада со Мицкоски?

Каква жолта штампа е Платформата - ЗНАМ 2.0. Лош ученик на Латас.

Треба ли уште објаснувања за овој нов сателит на Мицкоски? Дали има уште некој на кого не му е јасен овој обид за внесување немир во редовите на СДСМ?

Не поминува. Прочитани сте одамна. СДСМ не се предава на кафеана, хотел и тендер.

СДСМ не е на продажба. Македонија не е на продажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Собранието денеска донесе одлука кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година.

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Собранието, денеска, во рамките на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати остануваат причина за продолжување на кризната состојба во земјава.

На истата седница беа усвоени и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер