Тесла пред нов предизвик: По шести пат за една година се повлекуваат возилата Сајбертрак - Канал 5

Тесла пред нов предизвик: По шести пат за една година се повлекуваат возилата Сајбертрак

Електричниот Cybertruck, производ на американскиот гигант Tesla, се соочува со уште едно повлекување, шесто по ред од неговото лансирање пред само една година.

Тесла пред нов предизвик: По шести пат за една година се повлекуваат возилата Сајбертрак

Новото повлекување опфаќа 2.431 модели од 2024 година, произведени од 6 ноември 2023 до 30 јули 2024 година. Проблемот е идентификуван во погонскиот инвертер, клучен дел од возилото што може да предизвика сериозни проблеми при возењето, објави Verge.

Според извештајот на компанијата, проблемот настанува кога инверторот ќе престане да произведува вртежен момент, што го спречува возачот да го контролира забрзувањето, предизвикувајќи потенцијално губење на погонот. Овој вид на дефект може значително да го зголеми ризикот од несреќа, особено во ситуации кога е потребно брзо забрзување или реакција.

Ова повлекување е различно од претходното во октомври кога Tesla мораше да повлече 27.185 Cybertruck возила поради доцнење во прикажувањето на сликата од задната камера, што може да ја наруши видливоста на возачот. Иако тој проблем беше решен со едноставна безжична надградба, тековниот дефект бара физичка замена на погонскиот инвертер. Тесла најави дека поправката ќе биде бесплатна за сопствениците на погодените возила.

Проблемите на Cybertruck не завршуваат тука. Дополнителни повлекувања беа забележани во текот на годината, вклучително и едно во април поради „леплива“ педала за гас, како и повлекување во јуни за да се поправат лабавите делови и неисправните бришачи.

Серијата од овие технички потешкотии покренува прашања за веродостојноста на стандардите за производство на Cybertruck и Tesla во однос на овој револуционерен модел кој предизвика голем јавен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Двајца пациенти загинаа рано утринава, на 2 јули, во пожар во болница во Лудвигслуст, во северниот дел на Германија, а најмалку 34 лица се повредени, соопшти противпожарната служба на тој град. 

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau).

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на одделот за радиологија. Како што се наведува, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени, пренесува Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, откри што, според него, филмот „Социјалната мрежа“ целосно го пропуштил. Тој исто така откри дека го погледнал само еднаш. 

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Еден од најбогатите луѓе на светот, Закерберг, чие богатство денес се проценува на околу 189 милијарди долари, го основал Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, кога имал само 19 години, пишува Унилад.

Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски филмови што го прикажуваат подемот на модерна технолошка компанија.

YouTube video

Го следи Закерберг од неговите студентски денови и раскинувања, преку создавањето на Фејсбук, до правните спорови што следеа по неговиот метеорски успех, вклучувајќи го и судирот со ко-основачот Едуардо Саверин.

За време на гостувањето во емисијата „The Colin and Samir Show“, Закерберг изјави дека го гледал филмот само еднаш, и тоа заедно со вработените во неговата компанија.

„Знаев дека сите секако ќе го гледаат, па решивме да одиме заедно. Беше прилично необично искуство“, рече тој.

Тој призна дека авторите на филмот точно погодиле некои детали, како на пример облеката што ја носел во тоа време, но смета дека целосно погрешно ги прикажале неговите мотиви.

„Најголемиот проблем беше што филмот сугерираше дека го создадов Фејсбук за да освојам девојка. Тоа едноставно не е точно“, рече Закерберг, додавајќи дека бил во врска со својата сегашна сопруга Присила Чан уште пред да го започне Фејсбук.

Закерберг исто така се осврна на една од најраспространетите приказни за создавањето на социјалната мрежа. „Со текот на годините, на интернет се создаде цела митологија за тоа како настанал Facebook.

Луѓето го поврзуваат Facemesh – мала, шегаџиска страница што ја направив – со Facebook, само затоа што и двете имиња го содржат зборот 'face' (лице). Сепак, Facemesh беше шега и немаше никаква врска со Facebook“, објасни тој.

Тој додаде дека и денес, повеќе од две децении подоцна, луѓето му зборуваат за тоа како Facebook бил создаден како сајт за оценување на изгледот на другите луѓе.

Според Закерберг, Facebook уште од самиот почеток бил замислен како многу поголем и посериозен проект отколку што е прикажано во филмот. Од своето основање, компанијата ги презеде Instagram и WhatsApp, а во 2021 година, целата компанија го промени своето име во Meta.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Светската музичка ѕвезда Крис Браун ќе биде посиромашен за дури 13 милиони долари поради совјот домашен миленик какваскиот овчар .

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати на својата поранешна домашна помошничка речиси 13 милиони долари отштета откако поротата го прогласи за одговорен за нападот на неговото куче во кој жена добила сериозни трајни повреди на неговиот имот во 2020 година, објави BBC News.

По двонеделно судење во Лос Анџелес, поротата пресуди во корист на Марија Авила, која беше нападната од кавкаскиот овчар на Браун, тежок 90 килограми.

Според пресудата, Браун и неговата компанија Black Pyramid LLC мора да ѝ платат 12,9 милиони долари за небрежност. на судскиот процес Авила сведочеше дека кучето, по име Хад, ѝ откинало „големи парчиња кожа“ додека таа го празнела ѓубрето во неговиот дом во калифорнискиот град Тарзана. Нападот, рече таа, резултирал со трајно обезличување на лицето, лузни, губење на видот и оштетување на нервите.

За време на судењето, беше слушнато сведочење дека Браун избегал од местото на настанот наместо да се јави на 911 или да ѝ помогне на повредената жена. Тој ги оставил своите вработени да се грижат за Авила, а на поротата ѝ било кажано дека тоа го сторил бидејќи се плаши од „медиумски циркус“ ако неговиот глас се слушне на повикот за итни случаи или ако бил присутен кога пристигнала полицијата.

Браун му рече на судот дека се подготвувал да се истушира ​​кога слушнал куче како ржи. Се симнал долу и ја нашол Авила како лежи неподвижна, покриена со „многу крв“. „Крвта ме исплаши“, рече тој, додавајќи дека бил „во шок“ и го послушал советот на својот менаџер да го напушти имотот пред да пристигнат службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер