Tesla Model Y доби одобрение во Кина да го возат државните функционери - Канал 5

Tesla Model Y доби одобрение во Кина да го возат државните функционери

Властите во кинеската провинција Џиангсу го вклучија Tesla Model Y во списокот на одобрени возила во владините служби.

Tesla Model Y доби одобрение во Кина да го возат државните функционери

Тесла е првиот странски производител на автомобили што доби лиценца во провинцијата Џиангсу, истакна Paper.cn.

Моделот Y е направен во Шангај и чини 249.900 јуани (34.377 долари), според каталогот за државни набавки. Вклучувањето во каталогот им сигнализира на владините агенции и јавните претпријатија дека можат да го користат како службено возило, забележува агенцијата ДПА. Овој потег наиде на критики, но властите нагласија дека дозволата е издадена за моделот Y на Tesla, кој се произведува во Кина. Означен е како автомобил од домашно производство, додаваат тие.

Досега, на Tesla му беше тешко да го најде патот до јавните тендери во одредени владини и воени објекти во Кина поради, како што тврдеа властите, ризикот од шпионажа и загрозување на безбедноста на податоците. Во април, тие ограничувања се укинати, што се совпадна со посетата на Илон Маск на Пекинг и средбата со премиерот Ли Кианг.

За време на средбата, Ли Кианг ја истакнал Тесла како модел на успешна американско-кинеска соработка.

Вклучувањето на Tesla во државните набавки ја одразува поддршката на Кина за развој на интелигентни мрежни возила, без оглед на локацијата на производството, рече Сун Сјаохонг, генерален секретар на одделот за автомобили на Стопанската комора на Кина за увоз и извоз на машини и електронски производи. .

Тесла беше погодена и од високите царини наметнати од САД и Европската унија за увоз на електрични автомобили произведени во Кина. Брисел привремено воведе тарифи кои се движат од 17 до 38 отсто, прифаќајќи го „разумното“ барање на Тесла да се пресмета посебна тарифна стапка во последната фаза од постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, разговараше со полскиот министер за разузнавање, Томаш Симонијак, додека расте загриженоста за заканата што Русија ја претставува за НАТО.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Симонијак рече дека имал „многу важен состанок“ со Ратклиф, по што ги споделил „најважните информации во врска со безбедноста на Полска“ со премиерот Доналд Туск, без да даде детали, објави „Индипендент“.

„Полско-американскиот сојуз е силен и непоколеблив“, додаде тој во објава на платформата X. „Тесната соработка на нашите разузнавачки служби е еден од неговите темели“.

Средбата доаѓа во време кога САД ги обновуваат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која ја вовлече Полска директно во конфликтот поради зголемената фреквенција на руски беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на источна Европа во последните две години.

Како дел од напорите за постигнување мировен договор, Доналд Трамп одржа едночасовен телефонски разговор со Владимир Путин, за време на кој ја повтори својата желба за „брз крај на војната во Украина“, соопшти Кремљ. Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана изјави дека Украина е на добар пат да набави околу 1.000 противвоздушни ракети „Патриот“ од американско производство со помош на сојузниците и заем од Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

Каде се институциите, прашуваат на социјалнит емрежи, откако беше објавено видеото на маж како фрла ѓубре во реката Радика. 

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

На видеото се гледа маж, кој излегува од бело комбе и полека си фрла ѓубре во реката Радика, без никаков страв или грижа на совест.

Радика, инаку се смета за една од нашите најчисти реки и е заштитена со закон. Закон, што не важи за поеднинци, кои ја сметаат за обично буниште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј.

Од 19-то место до победа

Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува.

Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет.

@kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli

Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца.

„Како сон од кој не сакам да се разбудам“

Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер